Пристигнува принцеза: Цеца прозборе за бременоста на Анастасија-откри како реагирал Вељко по веста дека ќе стане вујко!
Анастасија е во петтиот месец од бременоста...
Најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна се појави на ревијата на нејзиниот соработник Предраг Ѓукниќ и проговори за бременоста на нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ, која чека девојче со својот избраник, фудбалерот Немања Гудељ.
Цеца не крие дека особено се радува на тоа што после две момчиња ќе стане баба и на девојче.
Како што рече Анастасија одлично ја поднесува бременоста.
– Модата ми е многу важна. Мојата професија е тесно поврзана и со модата. Првпат заработив на 10-тина години, како девојче им ги дадов парите на моите родители и тие решија што да прават со нив. Почнав да заработувам рано, до 17 или 18 години, моите родители управуваа со моите пари, одев на училиште и добивав џепарлак. Ништо не ми недостасуваше- изјави Цеца на почетокот на интервјуто за „Блиц“, и истакна дека имала безгрижно детство.
– Искрено, тогаш бев подобра. Децата не се свесни колку се безгрижни со своите родители. Сè им е средено, мама и тато се грижат за се, а како што ќе пораснеме се трудиме што побрзо да си заминеме и да се осамостоиме, бидејќи не сме свесни што не чека. Тоа го сфаќате кога треба да ги платите првите сметки и дека никој нема да го направи тоа освен вие.
Цеца прозбори за бременоста на Анастасија која моментално живее во Шпанија со нејзиниот партнер Немања Гудељ кој е дел од тимот на Севиља.
– Чекам трето внуче. По вториот внук Крстан чекаме принцеза од Анастасија, и Немања и баш се радуваме. Жељко прв ни дојде. Не постои ништо поубаво во едно семејство од тоа кога се раѓаат деца рече Цеца.