Реклама
Вирално

Пристигнаа нови препораки од СЗО: Само вака ќе се заштитите од коронавирусот во текот на летото

Реклама

Високите температура секоја година влијаат врз здравјето на луѓето, можат да поттикнат исцрпеност и топлотни удари како и да ја влошат, веќе влошената здравствена состојба. Па како тогаш да се заштитиме од горештината за време на пандемијата од коронавирус.

„Одбегнувајте излегување и напорна телесна работа во најтоплиот дел од денот. Ранливите групи население треба да го искористат најповолното време за купување, кога и да е тоа возможно. Побарајте ладовина. Не ги оставајте децата или животните во паркиран автомобил, поминете 2-3 часа во разладен простор, почитувајќи физичка оддалеченост најмалку од 1 метар“, советуваат од СЗО.

Маркетинг

Не заборавајте да го разладите својот стан или куќа во која живеете, намалете го загревањето во текот на денот, така што ќе ги спуштите ролетните, ќе навлечете завеси и ќе исклучите што е можно повеќе електрични уреди.

Маркетинг

„Одбегнувајте изложување на сонце или температураи повисоки од 25 степени, зошто нема докази дека тоа спречува или лекува ковид-19, а го зголемува ризикот за здравје (изгореници и болести предизвикани од горештина). Можете да се разболите од ковид-19 без оглед колку е сончево и топло времето, поради тоа заштитете се себе и другите со редовно миење на раце, кашлање во свиткан лакт или марамче и избегнување допирање на лицето“, наведува СЗО.

Носете лесна и широка облека, користете лесна постелнина, туширајте се или бањајте се во млака вода и редовно пијте вода, одбегнувајте алкохол и напитоци со премногу кофеин и шеќер.

„Ако вие или другите околу вас се чувствуваат лошо (вртоглавица, слабост, тешкотии, изразена жед или силна главоболка), побарајте помош. Веднаш отидете на постудено место и измерете температура. Ако постои сомнение, одмарајте се во постудено опкружување најмалку 30 минути и пијте вода да ги надоместите течностите, притоа одбегнувајте алкохол и напитоци со премногу шеќер и кофеин. Ако телесната температура остане висока, веројатно се работи за температура и би требало да се советувате со лекар. Ако телесната температура падне и лицето се чувствува добро после одмор во разладена просторија, тоа е веројатно поврзано со топлотен стрес“, своетува СЗО.

Посебно внимавајте на семејството, пријателите и соседите кои на горештините поголем дел од времето го поминуваат сами. На ранливата група луѓе многу им е потребна помош во ваквите денови, а ако познавате некој кое е во ризик, помогнете му да добие совет и поддршка почитувајќи ги препораките за физичка оддалеченост.

„Ако имате болни грчеви во мускулите, веднаш смирете се и легнете во разладена просторија и пијте течност што содржи електролите. Побарајте помош ако тие грчеви траат повеќе од еден час. Посоветувајте се со лекар, ако почувствувате необилни симптоми, ако симптомите траат подолго или ако се сомневате на температурата. Веднаш повикате лекар или пак итна помош, ако некој има врела сува кожа, ако е во делириум и ако има грчеви или пак е без светст“, заклучуваат од Светската здравствена организација.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button