Реклама
Вирално

Пристигнаа лоши вести од Австрија за работниците од Балканот – коронавирусот повторно им ги затвори границите

Реклама

И за Балканот ништо ново

Австрија во последните 24 часа потврди 114 нови случаи на корона вирус, а власта е загрижена заради бројот на новозаразените и го доведува во врска со патниците од балканските земји заради што некои политичари бараат да се воведе построга контрола на нивните граници.

Маркетинг

Најголем пораст на заразените се поврзува со покраината Горна Австрија, каде се забележани 53 нови случаи.

Многу од овие случаи поврзани се со некоја од земјите од југоисточна Европа.

Маркетинг

Весникот „Кронен цајтунг“ наведува дека во последните две недели 45 лица кои престојувале во некои од земјите стигнале во Австрија заразени со новиот вирус корона и ја прошириле заразата.

Од тоа од Косова се 10, Србија девет, Босна седум, односно по пет лица кои стигнале од земјите на ЕУ, Хрватска и Романија.

Весникот „Кронен Цајтунг“ пишува и за брачниот пар кој по посетата во татковината на Западен Балкан ги заразил своите колеги, но и децата во една градинка во која оделе и нивните деца во Маутхаузен.

Премиерот на Горна Австрија апелираше до граѓаните да бидат внимателни, а побара и засилени контроли на границите.

Австрија за сите лица кои се враќаат од Србија, Босна и Херцеговина и Косово воведе задолжителен карантин, а Министерството за надворешни работи ги одвраќа граѓаните на своите страници од патувањето во овие земји.

Што се однесува до граѓаните од Македонија, еве што пишува на страната на австриската амбасада во Скопје.

Предупредување за патување од Австрија за Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија

Поради значителното зголемување на бројот на зарази со COVID-19 во земјите од Југоисточна Европа, Австрија на 1 јули издаде предупредување за патување за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Истото стапува на сила веднаш.

Ова е привремена мерка, која се однесува исклучиво на пандемијата со COVID-19, а првенствено е наменета за да се спречи ризикот од зараза на патниците од Австрија во овие земји и да се спречи ширењето на вирусот во Австрија.

Министерот за надворешни работи Шаленберг на својата прес-конференција изјави дека Австрија постапува согласно состојбата, а тоа е дека во меѓувреме поголемиот дел од новите зарази во Словенија и Хрватска може да им се припишат на лицата што се враќаат од Југоисточна Европа. Вакви случаи веќе постојат и во Австрија. „Пандемијата не може да не одвои од нашите партнери на Балканот. Но, ако ризикуваме втор бран, нема да им помогнеме на нашите пријатели и држави во нашето непосредно соседство кои политички, човечки и културно ни се особено блиски.“

Австриската Сојузна Влада внимателно ја следи состојбата и ќе преземе чекори за олабавување, веднаш штом бројките повторно ќе го дозволат тоа.

За патниците од Северна Македонија кои патуваат за Австрија ништо не се менува; важат истите услови за влез како досега. Дополнителни информации за одредбите за влез можете да најдете на следниов линк (Патување за Северна Македонија од Австрија и патување за Австрија од Северна Македонија – состојба 1 јули 2020 год.).

И понатаму нема ограничувања на воздушниот сообраќај за Северна Македонија. Со повторното отворање на Меѓународниот аеродром Скопје, првите летови за Салцбург и Виена се закажани за 3 јули; а од 4 јули и од Меѓународниот аеродром Охрид до Виена.

Патување за Македонија од Австрија и патување за Австрија од Македонија

Состојба 1 јули 2020 година

Од 1 јули 2020 година, австриското Министерство за надворешни работи го издаде највисокиот степен 6 како предупредување за патување во Северна Македонија. Причината за предупредувањето за патување е моменталната состојба во Северна Македонија во врска со пандемијата COVID-19. Затоа мерката е привремена, со првенствена наменета да се спречи ризикот од инфекција на патниците од Австрија како и да се спречи внесување на вирусот во Австрија. Исто така со таа мерка се земени предвид и другите фактори, особено медицинската нега и капацитетите во случај на болест. Ова предупредување за патување ќе се проценува во интервали од 14 дена; доколку инфекцијата се смири и состојбата се подобри, предвидена е брза промена на степенот на предупредувањето за патување.

Предупредувањата за патувања на австриското Министерство за надворешни работи наменети се исклучиво за лица од Австрија. Највисокиот степен на предупредување 6 значи:

1. Предупредување за патување во оваа земја;

2. Австријците кои моментално престојуваат во оваа земја се повикуваат итно да стапат во контакт со надлежното австриско претставништво односно со најблиското претставништво на земја-членка на ЕУ;

3. На Австријците кои живеат во оваа земја им се препорачува итно да ја напуштат земјата.

Ова предупредување за патување нема никакво влијание врз лицата од Северна Македонија кои влегуваат во Австрија и/или сакаат да транзитираат низ Австрија.

Како до сега, привремено и без гаранција до 30 септември 2020 година, важат следниве правила:

1. Копнен сообраќај:

Копнените граници на Австрија и понатаму се отворени како за излез така и за влез, исто и за патниците од Северна Македонија, без оглед на нивното државјанство.
Детални информации за ова можат да се најдат под точките 3, 6 и 7!

2. Воздушен сообраќај:

Во Австрија немало затворање на меѓународните аеродроми. Затоа овие аеродроми и понатаму ќе останат отворени за летови од Северна Македонија. Воздушниот сообраќај меѓу Австрија и Северна Македонија досега беше прекинат поради затворањето на меѓународните аеродроми во Охрид (од 18 март) и Скопје (од 20 март).

Детални информации за ова можат да се најдат под точките 4, 5, 6 и 7!

3. За влез во Австрија по копнен пат потребен е негативен молекуларнобиолошки тест за SARS-CoV-2 (COVID-19). При влезот, резултатот од тестот односно лекарска потврда не смеат да бидат постари од 4 дена.

Исклучоци од ова можат да се најдат под точка 7!

4. Влез во Австрија по воздушен пат е можен со негативен молекуларнобиолошки тест за SARS-CoV-2 (COVID-19) доколку полетувањето е од една од следниве земји:

Андора, Белгија, Бугарија, Данска, Германија, Естонија, Финска, Франција, Грција, Ирска, Исланд, Италија, Хрватска, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Монако, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Сан Марино, Шведска, Швајцарија, Словачка, Словенија, Шпанија, Чешка, Унгарија, Ватикан, Велика Британија и Кипар.

При влезот, резултатот од тестот односно лекарската потврда не смеат да бидат постари од 4 дена.

Исклучоци од ова можат да се најдат под точка 7!

5. Влез во Австрија по воздушен пат со негативен молекуларно-биолошки тест за SARS-CoV-2 (COVID-19) можен е и во случај на директен лет од Северна Македонија (или од други земји) за државјани на следниве земји и членови на нивните семејства кои живеат во исто домаќинство (без оглед на државјанството):

Австрија, Белгија, Бугарија, Данска, Германија, Естонија, Финска, Франција, Грција, Ирска, Исланд, Италија, Хрватска, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Шведска, Швајцарија, Словачка, Словенија, Шпанија, Чешка, Унгарија, Велика Британија и Кипар.

Истото важи и за лица со австриска виза Д или со дозвола за престој за Австрија.

6. Во случај на транзит низ Австрија без застанување по копнен или воздушен пат не е потребен негативен молекуларно-биолошки тест за SARS-CoV-2 (COVID19).

Транзитот исто така не е ограничен на одредени државјани.

7. Исклучоци: Без негативен молекуларно-биолошки тест за SARS-CoV-2 (COVID19) или без лекарска потврда не постара од 4 дена, влез по копнен и воздушен пат е можен само доколку лицето, независно од неговото државјанство, а. во последните 14 дена пред влезот во Австрија престојувало исклучиво и има живеалиште (место на живеење или вообичаен престој) во една од наведените држави:

Андора, Белгија, Бугарија, Данска, Германија, Естонија, Финска, Франција, Грција, Ирска, Исланд, Италија, Хрватска, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Монако, Холандија, Норвешка, Австрија, Полска, Романија, Сан Марино, Швајцарија, Словачка, Словенија, Шпанија, Чешка, Унгарија, Ватикан и Кипар

б. или оди во домашен карантин или карантин во соодветно сместување во времетраење од 14 дена или до приложување на негативен молекуларно-биолошки тест за SARS-CoV-2 (COVID-19) кој е направен во Австрија.

Престојот во карантин во соодветно сместување на сопствен трошок мора да биде докажан со потврда за сместување.

Сите детални одредби, редовно актуализирани, може да се најдат во Уредбата за влез во Австрија во врска со сузбивањето на SARS-CoV-2

Почнувајќи од 18 март 2020 година, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го има издадено следното предупредување за патување за Австрија:

– Избегнувајте ги сите патувања!

– Постои екстремен ризик за Вашата лична безбедност. Не треба да патувате во оваа земја, област или регион. Доколку веќе сте во таа земја, област или регион, треба да размислите да заминете доколку тоа е безбедно.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button