Реклама
Вирално

Пристигаат нови добри вести за корона вирусот од Италија – ова на цел свет му дава надеж!

Реклама

Италија деновиве добива нови докази дека бројот на новозаразени од вирусот корона се намалува благодарение на построгиот карантин.

Овие мерки почнаа да ги применуваат и другите држави, меѓу кои и Македонија која е една од првите во регионот.

Маркетинг

Здравствените работници во Италија ги истражуваат сите податоци кои би можеле да покажат дека двете недели забрана и изолација носат резултати. Најстрогите мерки теоретски требаше да завршат во средата навечер, но владата во некој облик ќе ги продолжи и во следните недели и месеци.

Бројките на смртност исто така бележат пад во последните неколку дена во Италија, откако во саботата бројката беше најголема од почетокот на пандемијата во оваа држава – само во овој ден починаа 793 лица.

Маркетинг

Сепак бројката на потврдени нови заразени во вторникот порасна за само осум отсто, исто како и во понеделникот, што е најмал процент откако во февруари беше забележан првиот смртен случај во оваа земја.

„Мерките што ги преземавме пред две недели почнаа да даваат резултати“, изјави шефот за службата за цивилна заштита Ангело Борели за дневниот весник „Ла Република“, пред да бидат објавени податоците во вторникот. Тој додаде дека следните неколку дена ќе покажат дали навистина се намалува бројот на новозаразени (во средата имаше четврти ден помалку нови случаи од пикот во понеделникот на 21 март кога имаше 6557).

Доколку ова се покаже како точно, забавениот раст во Италија би дало надеж сред глобалната здравствена криза која се продлабочува во други делови од Европа и во Соединетите американски држави.

Научниците веруваат дека Шпанија и Франција ги следи италијанското сценарио со задоцнување од неколку недели.

Бројките во САД ист така се слични со оние во Италија од пред дваесетина дена, пишуваат италијанските медиуми.

Над 10 илјади граѓани во Македонија се во самоизолација

Македонија периодов се справува со корона вирусот, од кај над 100 лица се заболени а тројца пациенти починаа.

Како што пренесува „Алсат“, бројот на лица во самоизолација достигна 10.414, а мерката не ја почитувале 149 лица.

Лекар од кавадарци ќе биде казнет 4500 евра затоа што ја напуштил самоизолацијата

Јавното обвинителство Кавадарци побара на лекар од Општата болница во Кавадарци судот да му изрече парична казна од 4.500 евра зашто место во изолација заради заштита од коронавирус, тој продолжил да си оди на работа и да лекува пациенти. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци против овој лекар поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице, за продолжено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

И покрај упатствата дадени директно од специјалист-епидемиолог да останат целото семејство во домашна изолација од 14 дена поради патувањето на нивната ќерка која на 6 март се вратила од Италија, лекарот во периодот од 10 март до 20 март продолжил да оди на работа во болницата каде е вработен како доктор. На 10 март, заедно со неговата ќерка правеле анализи на Одделот за микробиологија и биле во амбулантата за уво, нос и грло во Кавадарци.

ОЈО Кавадарци му предложи на Основниот суд во Кавадарци на обвинетиот да му изрече парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од по 45 евра во денарска противвредност.

Обвинителството бара казна од 4.000 евра да плати и кичевчанец кој на 15 март се вратил од Австрија и потпишал изјава за самоизолација. На 17 март полицијата кога го побарала дома, не го нашла.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button