Реклама
Холивуд

Сопругот на кралицата Елизабета, принцот Филип (97), доживеа сообраќајна несреќа – две жени повредени, а во автомобилот имало и бебе

Реклама

Британскиот принц Филип, сопруг на кралицата Елизабета, учествувал во сообраќајна несреќа во близина на кралскиот имот Сандрингем, пишува Би-Би-Си.

97-годишниот војвода од Единбург не бил повреден, а несреќата се случила додека го напуштал својот имот со неговиот Ронџ Ровер. Бакингемската палата извести дека уште еден друг автомобил бил вмешан во несреќата, а двата лица што биле во него претрпеле помали повреди. Сведоците велат дека автомобилот во кој бил принцот се превртел.

Маркетинг

Бебето НЕ е повредено

Покрај принцот во несреќата учествувале и две жени и деветмесечно бебе, јавуваат британските медиуми. Возачката на автомобилот кој се движел во спротивната насока се здобила со повреда на коленото, додека жената што седела на совозачкото седижте завршила со скршена рака. Бебето поминало без повреди.

Истрагата за околностите околу несреќата се уште се во тек. Британците веќе анализираат што ќе се случи доколку принцот биде обвинет за несреќата. Познато е дека кралицата Елизабета не може да одговара за било какво дело, но членови од нејзиното семејство можат. Сепак, принцот Филип не може да биде уапсен ако се наоѓа во присуство на својата сопруга или на некој од кралските имоти, што во теорија значи дека може да ја избегне казната за било кое кривично дело.

Кога му помогнале да излезе од возилото, принцот бил свесен, но во состојба на шок и многу потресен. Наводно веднаш посакал да ги види жените и бебето дали се добро и токму заради тоа бил вознемирен.

Поврзано

Back to top button