Реклама
Холивуд

Принцот ја изневерувал Кејт Мидлтон со нејзина пријателка

Реклама

Драма во кралското семејство – принцот Вилијам со оваа жена ја изневерувал војвотката од Кембриџ

Светските медиуми веќе неколку месеци „брујат“ за неверството на принцот Вилијам, а сега конечно е пронајдено и со кого наводно бил во љубовна врска, додека неговата сопруга, Кејт Мидлтон, била во својата трета бременост.

Маркетинг

Во прашање е Хенбери Роуз, поранешна долгогодишна пријателка на војвотката од Кембриџ, која живее на само неколку километри од нивната резиденција во Кембриџ, пишува „Холивуд Госип“.

Маркетинг

Сепак, овие шпекулации за „Холивуд Госип” ги потврдија и членови од кралскиот круг кои наведуваат дека за Вилијам и Роуз се знаело многу одамна, но тоа е јавна тајна, како и тоа дека Вилијам и Кејт се обидуваат во јавност да се однесуваат како сé да е нормално, што очигледно и успеваат да го направат. Меѓутоа, кога Кејт открила за измамата, и оневозможила на Роуз Хенбри да присуствува на некои настани. Таа е во брак со својот 58 годишен сопруг Дејвид, седмиот Маркиз од Колмонделеј.

„Холивуд Госип” наведува и дека британските медиуми одбиваат да пишуваат за романсата на Вилијам поранешната манекенка што ја тресе кралскиот двор, а причината е поради почитта што ја имаат кон кралското семејство. Исто така се наведува дека токму оваа афера е причината за лошиот однос меѓу принцот Вилијам и неговиот помлад брат Хари, како и дека поради ова неверство, принцот Вилијам секојдневно си дозволува да испие чашка повеќе.

Инаку, Роуз Хенбери работеше за истата агенција за која што работеше и Кејт Мос. Беше истражувач на британскиот министер Мајк Гов во 2009 година и веќе уште тогаш беше во врска со 23 години постариот Дејвид.

Исто така Лејди Елизабет Лонгман, бабата на Роуз, беше една од девериците на кралицата Елизабета на венчавката на принцот Филип во 1947 година

Поврзано

Back to top button