Принцот Хари и го честиташе роденденот на својата убава и „неверојатна жена“ – неговата порака ги воодушеви сите
Војвотката од Сасекс вчера го прослави својот 38 роденден
На својата убава сопруга меѓу првите и тоа преку Инстаграм и го честиташе роденденот принцот Хари, а потоа и Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.
По повод нејзиниот роденден на социјалните мрежи од сите страни на светот и пристигаа роденденски честитки, а најверојатно најдрага и е онаа од нејзиниот 34-годишен сопруг, принцот Хари, кој и го честиташе роденденот и тоа не само далеку од очите на јавноста, туку и јавно, преку официјалниот профил на војвотката и војводата од Сасекс.
„Среќен роденден на мојата неверојатна жена. Ти благодарам што ме придружуваш во оваа авантура на животот. Те сакам, Х, стои под фотографијата која настана при нивната прва официјална посета на Австралија и Нов Зеланд, која за нив има посебно значење, бидејќи токму таму открија пред светот дека очекуваат принова.
Преку службениот профил на Инстаграм на Кенсингтонската палата се огласија и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон кои, со заедничка фотографија од минатогодишниот Божиќ, кога сите заедно се појавија на божиќната миса, и го честитаа роденденот на поранешната актерка.
„И посакуваме најсреќен роденден на војвотката од Сасекс“ напишаа тие на официјалниот профил.