Еден ден по раѓањето на првото дете на принцот Хари и Меган Маркл, цела Британија е во еуфорија.
Иако мајката и бебето денес нема да се појави пред камерата, како што тоа досега беше обичај, во медиумите секојдневно можеме да прочитаме бројни текстови за сите детали од породувањето на актерката, како и тоа дека принцот Хари не го крие воодушевувањето и радоста.
Новинарите го фатија новопечениот чичко, принцот Вилијам и неговата сестра, војвотката Кејт и ги запрашаа како се чувствуваат во нови улоги. Вилијам не ја пропуштил можноста да се пошегува на сметка на помладиот брат.
„Јас сум воодушевен со оваа вест. Со нетрпение очекувам да ги видам кога работите ќе се смират. Најмногу сум среќен што на братот ќе му посакам добредојде во клубот на оние со недостаток на сон”, вели Вилијам.
https://www.instagram.com/p/BxKjV02l92a/
И Кејт е многу среќна заради Меган и Хари. „Да, и ние со нетрпение очекуваме да се запознаеме со бебето и да го дознаеме неговото име. Првите неколку недели се најтешки, особено кога е прво бебе во прашање, па и посакуваме се најдобро”, изјави Кејт пред новинарите.