Принцезата од Велс во патиките што ги обожаваат и Македонките – и јатрвата Меган ги носи истите
Овој модел за кратко време ги освои дамите од целиот свет
Во прашање се патики од култниот француски бренд „Veja“, препознатливи по истакнатото лого во обликот на буквата „V“ (на латиница), која се наоѓа на надворешната страна.
Кејт Мидлтон беше во посета на организацијата „Dame Kelly Holmes Trust“ во англискиот град Бат.
За оваа пригода, принцезата од Велс избра комбинација во бела и жолта боја која е полн погодок за овој период од годината.
Но покрај белите панталони со „цигара“ крој и со должина до над глуждот кои ги носеше со бел кожен ремен, белата маичка со ребреста структура и жолтото сако од „LK Bennett“, Кетрин привлече внимание и со уште еден детаљ кој беше главна ѕвезда во ова издание.
Во прашање се патиките од култниот бренд Веја кои што англиската принцеза ги носеше и пред две години.
Таа во својата колекција го има моделот „Есплар“ украсен со буквата „V“ на латиница и детаљ на петата во златна нијанса.
Интересно е и тоа што јатрвата на Кетрин, Меган Маркл, исто така ги обожава патиките од овој бренд.
Таа за време на кралската турнеја во Австралија во 2018 година, го носеше моделот V-10, со црно лого.
Во прашање е бренд што го обожаваат многу познати дами, а некои од моделите што се хит, погледнете во продолжение:
Инаку, францускиот бренд „Veja“ е основан во 2005 година како прв потполно одржлив бренд на патики – за производство на своите модели употребува органски памук од Бразил и Перу, кој веќе 15 години го набавува од малите локални произведувачи, а ѓонот го произведува од таканаречена дива гума коа расте на дрвјата во Амазон, односно од рециклирана гума.