Приказна која ретко кој ја слушнал: Го сретнала премрзнат и изгладнет на клупа во паркот, му пружила рака, а Тома и посвети песна која и денес се пее
Малку е познато дека Тома Здравковиќ својата прв песна „Букет бели ружи“ ја напишал и ја посветил на својата девојка Славица која прерано nочинала, а „Свирајте ми ночас само за њу“ ѝ ја посветил на Силвана Арменулиќ.
Овие детали од животот на Тома Здравковиќ ги раскажа актерот и продуцент Драган Бијелогрлиќ за магазинот „Глорија“ кој заедно со Бане Обрадовиќ и Жељко Јоксимовиќ го снима филмот „Тома“ на 30-тата годишнина од сmртта на овој музички великан.
Тома Здравковиќ за многумина важи за најдобар српски пејач на народна музика. Но, да не била случајната средба со големата ѕвезда Силвана Арменулиќ, судбината на овој музичар би била тотално поинаква.
Во 1958 година во Лесковац, младата Силвана, тогаш уште немажена, настапувал во еден тамошен хотел. Пред настапот шетала низ еден парк и на клупата забележала едно промрзнато, изгладнето момче. Таа се сожалила на него и почнала да разговара. Тој и рекол дека се вика Тома Здравковиќ и дека сака народни песни. Силвана го однела на својот настап, па дури во во еден момент му го дала и микрофонот да запее. Кога го слушнала Тома како пее, се наежила, пишува во својата книга „За друштвото во аголот“ Александар Гајовиќ, познатиот новинар и културен работник.
Авторот натаму пишува дека со легендарниот пејач повторно се сретнале, десет години подоцна и започнале плодна соработка. Така Тома за Силвана ја напишал нејзината најпозната песна „Шта че ми живот без тебе драги“.
Силвана Арменулиќ трагично настрадала во сообраќајна несреќа, а Тома отпеа:
„Свирајте ми ноќеска само за неа,
Ја ќе пеам, тагувам и плачам
Свирајте ми ноќеска како да е тука
И ако јас само во мислите ја враќам“.