Приказна за едно големо пријателство – штедел две години за да му купи инвалидска количка на своето најдобро другарче (видео)
ПРИКАЗНАТА за двајца американски тинејџери привлече внимание во целиот свет поради несебичниот чин и вистинското пријателство.
Имено, како што пишува Си Ен-Ен, Танер Вилсон со години штеди за да му помогне на својот пријател и да му купи електрична инвалидска количка.
Средношколец од Арканзас, Брендон Кволс, веќе долго време користи инвалидска количка со која се движи надвор од својот дом управувајќи ја со помош на рацете. Тој мораше да се спушта и качува по ходниците низ училиштето и да оди од клас во клас на часовите што поприлично го заморува и неговите раце често го болат поради толкавиот напор.
„Навистина чувствував огромна болка во моите раце”, изјави Брендон за News9.
Работел и стави пари на страна
Неговиот пријател Танер одлучи да му помогне на Брендон и да го направи среќен, па две години тој штедеше за да собере пари да му купи нова електрична количка. Тој работел со скратено работно време кај локален автомеханичар и ги ставал заработени пари на страна.
Минатиот месец, Танер конечно успеал да заштеди доволен износ на пари и да купи електрична инвалидска количка за неговиот најдобар пријател.
„Сонував за таква инвалидска количка. Тие ја донесоа и почнав да плачам, не можев да поверувам дека направил нешто толку добро за мене”, рече Брендон.
Кога новинарите го прашале неговиот пријател Танер што го поттикнало да го направи ова големо и убаво дело, тој одговори: „Тој навистина секогаш бил добар пријател со мене и сакав да направам нешто за него“.
„Сите во училиштето ме прашуваат – Дали вредеше? Дали вредеше? Им кажав дека вредеше повеќе од 100 %“.