На секои 700 бебиња што ќе се родат во САД, едно од нив ќе се роди со Даунов синдром.
Лицата што ќе се родат со овој синдром имаат дополнителен хромозом, кој предизвикува компликации во развојот уште за време на бременоста. Лицата со овој синдром можат да имаат проблеми со прилагодувањето, но нивната состојба не ги спречува да бидат силни и успешни.
Приказната на оваа 16 годишна девојка, Кенеди Гарсија, е една таква приказна, приказна за успехот.
Нејзината сила и упорност предизвикува воодушевување во целиот свет и заслужува пофалби.
Кенеди е 16 годишно девојче од Колорадо.
Таа е доказ дека ништо не е невозможно и дека сите треба да ги следиме нашите соништа.
Кенеди е родена со Даунов синдром.
Но таа ги изненади сите, а најмногу лекарите кои не се надеваа дека нејзиниот живот ќе тргне во ваков правец. И додека сите мислеа дека нема да може никога- да води нормален живот, таа започна да се занимава со нешто што никој не го очекуваше од неа, пишува „Дејли меил“.
Нејзината мајка беше убедена дека Кенеди може да направи многу повеќе од тоа што и го предвидуваа докторите.
Како што пренесуваат странските медиуми, таа денес претставува агенција за таленти, беше повикана на аудиција во Њујорк и Холивуд, а се појавува како модел и во некои американски спотови.
Кога се роди, докторите беа шокирани и ја советуваа нејзината мајка, Рене, да ја даде на посвојување. Но таа случајно ќе сретне една бабица која ќе и каже дека Кенеди е прекрасно девојче и дека и таа има ќерка со Даунов синдром. Рене ни не помислуваше да ја напушти својата ќерка.
Покрај Дауновиот синдром, Кенеди имаше и леукемија и мораше да и биде извршена опасна операција заради рбетот.
Но таа излезе од сите овие борби со опакиот непријател како голем победник.
„Таа ноќ кога се породив, срцето ми беше скршено бидејќи дури тогаш дознав дека има Даунов синдром, а потоа тргнаа сите црни прогнози“.
„А денес таа е девојче кое живее како и сите нејзини врснички. Има момче кое што ја обожава, сака да се дотерува, танцува и пее и секаде околу себе шири чиста радост“, изјави нејзината мајка за својата мила наследничка.
Започна да оди на часови по танцување
„Кенеди беше апсолутно во својот елемент и не се враќаше на сето она низ што помина“, изјави нејзината мајка.
Таа посетуваше и часови по манекенство и глума.
И по сите овие борби девојчето денес живее со полни гради животот и максимално ужива во него.
Клучна улога во тоа секако имаше нејзиното семејство, но и нејзиното момче и пријателите.
„Пред да започне да се занимава со манекенство, нејзина голема љубов беше танцувањето. Почна да танцува кога имаше само 5 години, кога закрепна од рбетот. Прво само одеше на часови, а на шест години почна да оди и на натпревари“, вели мајката на Кенеди за „BrightSide”.
Метју, нејзиното момче, исто така има проблеми, но беше доволно храбар да и пријде на оваа млада дама.
„Дојде, и го даде својот мобилен на Кенеди и и кажа – Мислам дека мојот мобилен е расипан бидејќи му фали твојот број“, раскажува Рене.
Тие набргу станаа пар
Кенеди денес често држи предавања во основни и средни училишта за Даунов синдром и како тинејџерите можат да бидат пријатели со таквите деца.
Но една од најмоќните и најважните пораки што сака да ги испрати ова девојче е дека сите треба да ги следиме своите соништа, да не се откажуваме и да уживаме во секој ден од животот, баш како што ужива и таа.
И како што вел нејзината мајка: „Се надевам дека и покрај сé, таа ќе продолжи да живее својот живот онака како што сака“.
Фото: Инстаграм/ Кенеди Гарсија
Фото: Инстаграм/ Кенеди Гарсија
Фото: Инстаграм/ Кенеди Гарсија
Фото: Инстаграм/ Кенеди Гарсија
Фото: Инстаграм/ Кенеди Гарсија