Оваа приказна ќе ви ги отвори очите и ќе ви докаже дека никогаш не треба да заборавате на сопствената среќа…
Ова е редот за принесување жртви?
– Да, ова е. Ќе стоите зад мене. Јас сум 852, вие 853-ти по ред.
– Леле, баш е долг редот…
– Не грижете се, брзо оди. Во чие име ќе жртвувате?
– Јас во име на љубовта. Вие?
– А јас во име на децата. Децата ми се сѐ на светов!
– А што донесовте како жртва?
– Само децата нека бидат здрави и среќни. Сѐ ќе дадам за нив. Еден добар човек сакаше да се ожени со мене, не се согласив. Како да им доведам дома очув? Ја напуштив мојата сакана работа, далеку беше од дома. Се вработив како хигиеничарка во градинка за да бидам покрај нив, да ги чувам, да бидат сити и задоволни. Сѐ за децата! За себе – ништо!
– Ох, колку ве разбирам! А јас сакам да ја жртвувам врската… Помеѓу мене и мојот сопруг не постои ништо повеќе. Покрај него има друга жена. И кај мене се појави друг маж ама… Ех, кога маж ми би си заминал прв! Ама тој не оди кај љубовницата! Не сака! Плаче… Вели дека се навикнал на мене… А мене ми е жал! Затоа што плаче… Така и живееме.
Се отвораат врати и се слуша глас: „Број 852, влезете!“
– Одам јас. Многу сум возбудена! Што ако не сакаат да ја прифатат мојата жртва?
Број 853 го чека својот повик. Времето минува бавно. Но, од канцеларијата конечно излезе број 852.
– И? Што се случи? Што ви кажаа? Ја прифатија вашата жртва?
– Не… Испадна дека тука има пробен рок. Ме пратија да размислам.
– Но, како? Зошто? Зошто не веднаш?
– Ох, драга, тие ме прашаа: „Дали добро размисливте? Тоа е засекогаш!“ А јас им велам: „Секако. Децата ќе пораснат, ќе го ценат тоа што мајка им го жртвувала за нив“. А тие мене: „Седнете и гледајте на ѕидот“. А таму некој чуден филм за мене. Децата веќе пораснати. Ќерката се омажила, некаде далеку во странство. Синот се јавува еднаш месечно, повеќе од обврска, жена му низ заби зборува со мене. А јас нему: „Сине, зошто си таков кон мајка ти?“ А тој мене: „Мамо, не се мешај во нашиот живот! Зар немаш друга работа?!“ Јас му велам: „Каква работа? Што да правам?“ Јас напуштив сѐ поради децата и живеев само за нив. Испадна дека тие не ја ценеле мојата жртва. Залудно сум се трудела толку.
Од врата се слуша глас: „Следен! Број 853.“
– Леле, тоа е за мене. Ме полудевте со вашата приказна. Не можам да верувам… Ајде добро, одам и јас.
Број 853 влегува во канцеларијата.
– Повелете, влезете, седнете. Што сте донеле како жртва?
– Врската…
– Јасно… Ајде да видиме што имате.
– Еве, гледајте. Не е голем, но симпатичен е и нов. Се запознавме пред половина година.
– И зошто сакате да го жртвувате него?
– За го сочувам семејството.
– Чие? Вашето? Па зошто е тоа неопходно за да го сочувате?
– Сопругот има љубовница, одамна, постојано трча кај неа, лаже, немам веќе сила.
– А вие?
– Па, што јас? Се појави еден човек во мојот живот, имаме убава врска…
– Значи сакате да ја жртвувате новата врска?
– Да… За да го сочувам семејството.
– Чие? Самите велите дека вашиот сопруг има друга жена, вие имате друг маж. Каде е тука семејство?
– Според документите, сѐ уште сме во брак. Тоа значи дека сме семејство.
– Значи сето ова вам ви одговара?
– Не, не! Како може сето ова мене да ми одговара? Постојано плачам и се грижам.
– Но, никако не сакате да ја замените старата врска за новата?
– Па, не е таа толку длабока… Повеќе е површна. Воглавно, не ми е жал!
– Па добро, ако не ви е жал… Дајте ја таа ваша врска.
– Мене ми кажаа дека кај вас се прикажува некаков филм. За иднината. Зошто не ми го покажете и мене?
– Филмовите се различни. Некои се за иднината, некои за минатото. Ние вам ќе ви покажеме филм за сегашноста. Еве, гледајте.
– Леле! Па тоа сум јас! Боже драги, па како тоа изгледа? Лажете! Јас се грижам за себе.
– Вашата душа на овој начин влијае на вашата надворешност.
– А кое е ова момче? Видете колку е симпатично… Гледајте, тоа ме прегрнува.
– Не го препознавте? Тоа е вашиот сопруг во проекција на душата.
– Сопруг? Глупости! Па, тој е возрасен човек!
– А во душата – дете. И ве прегрнува како да сте му мајка.
– Па таков е тој и во вистински живот!
– Значи не барате вие заштита од него, туку тој од вас?
– Па, да. Јас уште од детството сфатив дека жената мора да биде силна, мудра, одлучна. Мора да биде главна во семејството и да го изведе мажот на прав пат.
– Па тоа е тоа. Силна, мудра и одлучна мајка која управува со својот сопруг. Му одржува лекции, го милува и му простува. А што сакавте вие?
– Интересно… Но, јас не сум му мајка, јас сум му сопруга. Но, во овој филм… Тој е толку беспомошен и повторно ќе побегне кај љубовницата, а јас и покрај тоа го сакам!
– Секако дека ќе биде така. Детето малку ќе поигра во песокот, па ќе се врати дома. Кај мамичка. Малку ќе се пожали, ќе поплаче на рамо. Доста е! Крај на филмот. Ајде да ја завршиме оваа средба. Сакате да ја жртвувате новата љубов? Не се премисливте?
– А иднината? Зошто не ми ја покажавте иднината?
– Вие немате иднина. Според ваквата сегашност, возрасното „момче“ ќе побегне од вас, ако не кај друга жена, тогаш во некоја болест или којзнае што. На крајот, ќе најде начин да се откачи од мајчинското здолниште, бидејќи тој сака да порасне…
– Но, што да правам? Зошто тогаш да се жртвувам?
– Па, гледате и сами. Можеби повеќе сакате да бидете мајка одошто жена!
– Не! Сакам да бидам сакана жена.
– Но, и мајките честопати се сакани жени. И? Сакате да се жртвувате? За да го сочувате тоа што го имате сега и притоа вашиот сопруг и понатаму да остане дете?
– Не… Не сум подготвена. Морам да размислам.
– Секако, секако. Ние даваме време за размислување.
– А давате совети?
– Со задоволство.
– Кажете ми… Што морам да направам за да порасне мојот сопруг?
– Најверојатно да престанете да му бидете мајка. Погрижете се за себе и научете како да бидете жена! Заводлива, возбудлива, посакувана… Таква каква што сопругот ќе посака да ѝ подарува цвеќиња и да ѝ пее серенади, а не да ѝ плаче на гради.
– Мислите дека тоа ќе помогне?
– Обично помага. Но, само ако одлучите да бидете жена. Слободно дојдете ако ви затреба нешто. Вашата врска е одлична, со задоволство ќе ја земеме. Знаете колку луѓе во светот сонуваат за таква врска? Така што, ако сакате да ја жртвувате за туѓа корист, добредојдени сте!
– Ќе размислам…
Број 853 расеано излегува од канцеларијата и панично ја притиска својата врска кон градите. Број 854 возбудено влегува во истата канцеларија.
Автор: Наталија Лакетиќ/Позитива