Приказната на македонската пејачка ќе ви го скрши срцето: Го изгуби сопругот и остана сама со мало бебе
Тие имаа нераскинлива врска, но cмp-ттa ги раздели.
Со нејзините песни сите пораснавме, а денес е зрела жена која храбро чекори низ сите животни предизвици.
Повеќе не знимава своја авторска музика и денес Маја Саздановска е дел од бендот на Калиопи, а воедно работи во НОБ како организатор, а се занимава и со шминкање.
ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска
Пред повеќе од деценија Маја доживеала голема трагедија, после која останала самохрана мајка на мало бебе.
Кога нејзината ќерка Срна имала само 9 месеци, тешката болест на нејзиниот сопруг, археологот Саша Лилчиќ прогресирала и непосредно пред првиот роденден на Срна, тој пoчинaл.
ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска
Љубовта кон Саша, кај Маја никогаш не згаснала и постојано се труди да го задржи споменот на него.
Бидејќи нивната ќерка била премногу мала, Маја дава сѐ од себе да ѝ ги пренесе спомените за нејзиниот татко.
ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска
Поради целата ситуација пејачката побарала и стручна помош со цел целата ситуација да не остави длабоки лузни кај Срна.
Во поткастот „Сец со Цец“, Маја раскажа детали за својот живот.
Откако Срна веќе потпораснала започнала да прашува и детали за својот татко.
ФОТО: Принтскрин
Според советите од стручната помош Маја одлучила цела вистина да ѝ ја каже на Срна.
Маја и Срна, која денес има 11 години се вистинска инспирација и пример за сите оние кои поминуваат низ слична ситуација во семејството.
ФОТО: Принтскрин
И покрај тоа што добиваат максимална поддршка од сите од поширокото семејство, Маја одлучила да се преселт и да живеат сами.
Секој слободен момент го поминуваат една со друга и заедно ги пребродуваат сите тешки моменти.