Реклама
MAMAКафе муабет

Приказната за Љубовта и Осаменоста која вреди да ја прочитате

Реклама

На крајот од едно поле стоеле Љубовта и Осаменоста и набљудувале млад вљубен пар. Осаменоста ѝ рекла на Љубовта:

„Ајде да се обложиме дека ќе ги разделам.“

Љубовта ѝ возвратила:

Маркетинг

„Почекај малку! Дај ми шанса да проверам само една работа кај нив, а потоа ти може да одиш кај нив колку пати сакаш.“

Осаменоста се согласила. Љубовта им се доближила на вљубените, ги допрела и во очите им го видела сјајот. Потоа и рекла на Осаменоста:

Маркетинг

„Ајде, сега тебе ти е ред!“

„Не“, ѝ одговорила Осаменоста. „Сега не можам да направам ништо, сега нивните срца се исполнети со Љубов. Ќе дојдам подоцна.“

Минало некое време и Осаменоста навратила во домот на парот и ги видел младата мајка и татко со новороденче. Осаменоста мислела дека сега Љубовта им минала, но кога го пречекорила прагот сфатила дека дошла Благодарноста.

Се свртела и си отишла.

Поминало многу време и Осаменоста повторно дошла пред нивните порти. Таткото се вратил уморен од работа, а мајката ги успивала децата. Осаменоста си помислила дека минало толку многу време и досега Љубовта и Благодарноста сигурно ги напуштиле нивните срца. Но, кога погледнала во нивните очи ги видела Почитта и Разбирањето.

И овој пат си отишла.

По долго време, Осаменоста по обичај се појавила во нивниот дом.  Забележала дека децата им пораснале. Таткото им објаснувал нешто на синовите, а мајката подготвувала вечера во кујната. Осаменоста им се загледала во очите и се разочарала кога во нив ја видела Довербата.

Повторно си заминала.

По долго, долго време повторно навратила во истиот дом. Видела како внучињата заминуваат од куќата, а крај каминот седи стара и изнемоштена старица. Осаменоста ја погледнала и си рекла:

„Тоа е тоа, конечно дојде моето време!“

Но, штом сакала да ја погледне во очи за да се увери во тоа, старицата станала и излегла од куќата. Осаменоста тргнала по неа и некогаш младата вљубена жена, а сега тажна бабичка стигнала до гробиштата и седнала покрај еден гроб. Тоа бил гробот на нејзиниот сопруг.

„Изгледа повторно задоцнив“, си кажала Осаменоста. Времето ја довршило мојата задача. Осаменоста се загледала во расплаканите очи на старицата и во нив по првпат видела Спомени: спомени на Љубов, Благодарност, Почит, Разбирање и Доверба.

Изгледа вистинската љубов навистина не умира…

Извор: Едукација

 

Поврзано

Back to top button