Реклама
Вирално

Приказната за дедото што продаваше бадникови гранки – спиеше под отворено небо, на студот, за парче леб за семејството

Реклама

Тажната приказна за дедото Мијо го растажи целиот регион

Фото: Фејсбук

Мијо за време на божиќните празници сакаше да заработи нешто пари продавајќи бадникови гранки. И покрај ниските температури и маглата, тој неколку дена стоеше на една градска автобуска станица во Белград.

Приказната за него ја сподели на социјалните мрежи една девојка со намера да мобилизира луѓе да му помогнат. И таа успеа во тоа.

Маркетинг

Имено, дедото Мијо дојде во Белград за да заработи „тешки пари“. Немал ни сместување, ни услови за било каков привремен престој.

Фото: Фејсбук

Еве ја неговата приказна:

Маркетинг

„Вчера околу 20 часот пред шалтерот во кој работам, гледам постар човек што стои на студот. Го прашувам дали можам некако да му помогнам, тој ми вели дека тука застанал само на кратко за да се загрее. Го викнав во канцеларијата и тој веднаш седна покрај печката која што ја прегрна за да ги загрее замрзнатите прсти. Го прашав што прави, а тој и кажал дека дошол од околина на Аранѓеловац за да продава бадникови гранки. Неговите раце беа испукани од работа и имаше празен поглед, па го прашав дали нешто заработил, а тој дека заработил 500 динари (околу 250 денари во наши пари), на мразот додека цел ден стоел пред автобуската станица. Тука стои и ова утро, се вика Мија и ноќта ја помина под отворено небо. Му купив појадок и му сварив чај, а тој и овој ден и следната ноќ планира да ја помине под отворено небо и на студените белградски улици за да ги продаде своите бадникови гранки, за на своето семејство да му ги овозможи основните потреби за живот, верувајќи дека Бог е тука за сите и дека неговата љубов секој може да ја има, како што прекрасното езеро дава вода на сите свои суштества. Ви посакувам тивка среќа и изобилство на сите добрини, и доколку поминувате покрај Зелен венец на почетната станица на 52-ка, побарајте го Мијо и купите од него бадников гранчиња“, пишува во нејзиниот статус.

Фото: Фејсбук

Откако нејзината приказна се појави во јавноста, добрите луѓе се обединија и му помогнаа на човекот барем малку поспокојно да се врати дома. Откако се смрзнуваше неколку дена и спиеше под отворени небо во Белград, тој се врати дома и ги продаде сите бадникови гранки. „Ви благодарам на сите во добрата намера“, стои во следната објава која барем малку му ги разубави празниците на овој кутар чичко, но и на сите луѓе што се почувствувале корисно заради него.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button