Реклама
Вирално

Приватник од Македонија дели бесплатно брашно за најсиромашните

Реклама

И додека Македонија како и целиот свет води битка со вирусот корона, одредени граѓани решија да преземат позитивни мерки и да ја покажат својата хуманост.

Па така Амет Фејзула испрати апел преку Шило Магазин дека ќе подари брашно на сите оние семејства кои во оваа состојба не можат да си купат. Тој во својот хумано соопштение до магазинот напиша дека е свесен дека голем број граѓани немаат финансиски средства, па сака да им подари по 25 кг. брашно на најсиромашните во овие тешки времиња.  Тој има доволно бидејќи е сопственик на мелница, а сите заинтересирани можат да му пишат на Фејсбук.

Маркетинг

И приватните болници се вклучија во битката со вирусот

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ соопштуваат дека покрај нивната болница од денес целосно го ставаат на располагање и капацитетот на Хотелот „Ibis Styles“, поранешната болница „Мала Богородица – Систина’, на Министерството за здравство. Хотелот комплетно ќе биде пренаменет во Центар за изолација на суспектни лица на вирусот Ковид-19, на кој им е определен 14-дневен изолационен период (карантин) од надлежните органи на државата. И што е најважно (внимавајте сега) медицинскиот тим, како и сета друга неопходна медицинска поддршка, ќе бидат обезбедени од „Аџибадем Систина“ (значи доктори и медицински сестри!).

Маркетинг

Сите трошоци околу нивниот престој ќе бидат покриени од „Аџибадем Систина“ и од „Орка Холдинг“, а доколку овие собу не бидат доволни, тие го нудат и својот хотел „Ibis Skopje City Center“, кој располага со 110 соби.

Собите и во овој хотел би биле целосно пренаменети и опремени со сета потребна медицинска опрема и материјали, а сите трошоци за опремување на собите и за медицинскиот персонал ќе бидат на товар на компанијата.

И клиниката „Жан Митрев“ ги понуди своите капацитети

Од друга страна и клиничката болница „Жан Митрев“ уште минатата недела ги понуди своите капацитети на граѓаните на државата, во однос на новонастанатата ситуација со пандемијата со вирусот Ковид-19, информираат од клиниката со соопштение до јавноста. Тие на министерството на здравство му понудија 40 респиратори за возрасни, 6 за деца и транспортни инкубатори за новороденчиња

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button