Преубави вести, фановите воодушевени – македонската Гранд ѕвезда во БЛАЖЕНА СОСТОЈБА, еве кога треба да пристигне бебенцето
Тестот е позитивен!
Македонската пејачка Елена Миленковска и нејзиниот сопруг, српскиот пејач Александар Маринковиќ Гуте, ги израдуваа своите обожаватели со веста дека наскоро повторно ќе се остварат во улога на родители.
Брачниот пар кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, каде и се роди нивната љубов, убавите вести ги сподели на социјалните мрежи.
„Љубовта е посилна! Бебенце, гледаме се во септември“ напиша Гуте под објавената фотографија на која што ја држи својата сопруга и колешка во прегратки, а таа во рацете ја носи снимката од ултразвукот.
„Татко по втор пат! Мил Господе, колку сум ти благодарен. Се сеќавате дека имав роденден пред два месеци? Вака изгледаше изненадувањето што ми го приреди мојата сопруга. Бебенце, гледаме се во септември. Те сакаат мама и тато!“ напиша Гуте под фотографијата на која се гледа како неговата сопруга го покажува резултатот од тестот,
Убавите вести ги сподели и неговата сопруга, која се породи во 2020 и на овој свет го донесе нивниот син Максим.
„Отсекогаш сум сонувала за големо семејство, скромен дом исполнет со многу љубов. Затоа и сум благодарна на овој подарок! Ќе станеме родители по втор пат, а Макс ќе добие батко или сестричка. Бебенце одвај те чекаме. Те сака мама, тато и бато“, напиша Елена под фотографијата што ја објави на социјалните мрежи.
Инаку, Елена настапуваше во претходната сезона во Ѕвездите на Гранд каде и се запозна со својот сопруг. Но таа мораше да го напушти најгледаното шоу на Балканот заради бременоста, а откако се породи потполно се посвети на мајчинството и уживаше во нејзината нова улога која и донесе радост, но и потполно нова енергија во нејзиниот живот.
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
„Одлично, искрено се чувствувам како да сум по трет пат мајка. Нема ништо поубаво од тоа да се биде родител. На почеток ништо не ми беше јасно што е и нормално, но како поминуваше времето беше се подобро и полесно“. изјави Елена во една пригода за „Гламур магазин“ за мајчинството, па одговори и на прашањето дали и колку тоа ја промени:
„Уф, многу! Животот стана поинтересен, најљубовен, полн со среќа и смеа, но исто така и со грижи. Многу созреав и секојдневно созревам покрај Максим како личност така и како родител“ изјави тогаш таа.
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
https://www.instagram.com/p/B-E0d3zHTPr/
https://www.instagram.com/p/B8Q59nWJAoO/
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска
https://www.instagram.com/p/CUXS049jPyI/
https://www.instagram.com/p/CQdce10LyRE/
https://www.instagram.com/p/COsdcBXLbE1/