Преубава вест од градоначалникот Митко и сопругата Веселка – кавадарчани им честитаат, беше весело во нивниот дом
Вчера беше посебен ден за првиот човек на Кавадарци
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев заедно со својата сопруга Веселка вчера имаа убава причина за славење.
Имено, нивниот помал син Стојанче наполни осум години и славеше со своите другарчиња и сокласници.
По тој повод се огласи и градоначалникот на социјалните мрежи и сподели заедничка фотографија со семејството.
На неа покрај најмалиот син се и неговата сопруга Веселка, постариот син Никола и ќеркичката Мила.
Ова е една од ретките прилики тие да објават заедничка фотографија, но овој пат имаа и посебна причина за тоа.
„Среќен роденден Стојенче. Имај среќно и безгрижно детство“, пишува во објавата на официјалната страница на Митко.
Инаку, Јанчев важи за еден од најдобрите и најуспешни градоначалници во Македонија. Граѓаните на Кавадарци се задоволни од неговото работење, така што на изборите и по втор пат му ја дадоа довербата.
Покрај тоа што е градоначалник, тој е и еден од најуспешните млади бизнисмени, а сопственик е на Кожувчанка.
Познат е и како голем хуманист, а важи за семеен човек кој најмногу ужива кога времето го минува со најблиските.
Тоа можеше да се забележи и кога на роденденот на својата сопруга јавно и го честиташе на својот официјален профил.
Облечен во тренерки и спортска јакна објави фотографии од интимната прослава во неговиот дом и ги изненади сите.
„Убавите моменти во животот се паметат засекогаш“, напиша тогаш градоначалникот.
Повеќе фотографии погледнете во продолжение:
Инаку, оваа година постариот син на Митко, Никола, наполни 18 години и доби неверојатен подарок од својот татко.
„Најголема радост за еден родител е да биде сведок на безгрижното детство на своите деца, палавото тинејџерство а потоа и влегувањето во светот на возрасните. Денес е голем ден за семејството Јанчеви. Првородениот син Никола денес слави полнолетство. Гордост е да му го покажеш вистинскиот пат на своите деца , гордост е да гледаш како неуморно сакаат да учат од родителите. Среќен родител Никола“, сподели тогаш градоначалникот, а како што објавија медиумите, како подарок на својот првороден син му купил БМВ.
Фото: Принтскрин/ Социјални мрежи
Фото: Принтскрин/ Социјални мрежи
Фото: Принтскрин/ Социјални мрежи
Фото: Принтскрин/ Социјални мрежи
Фото: Принтскрин/ Социјални мрежи
Фото: Принтскрин/ Социјални мрежи
Фото: Принтскрин/ Социјални мрежи