Преубава вест во семејството на Андријана Јаневска – имаат огромна причина за славење, сите им честитаат
Голем ден за семејството, пејачката сподели фотографија
Пејачката пресреќна
Нашата позната поп-пејачка, Андријана Јаневска, денес навистина имаше посебна причина за славење.
Како што самата објави на социјалните мрежи, нејзиниот син Димитар денес полни 13 години, па гордата мама се огласи.
Таа сподели нивна заедничка фотографија и со емотивни зборови му се обрати на славеникот кој од денес и официјално е тинејџер.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Добредојде во светот на тинејџерите, принцу мој! 🤴ImageПрегрни го животот, бори се за вистината и чини добро! Среќна 13-ка!“, напиша пејачката која е позната и како една од омилените на македонското естрадно небо.
Потсетуваме, пејачката во неколку наврати има зборувано и за тоа како ужива во улога на мајка, а во една пригода за Гламур магазин откри дали и колку мајчинството ја променило во животот.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
„Откако се родија децата приоритетите ми се променија. Тие се број еден, а се’ друго може да почека. Кога сум со нив и јас на некој чудесен начин се враќам во детството и повторно се чувствувам како дете. Се воодушевувам на детските итроштини и со задоволство следам како го впиваат секое ново животно искуство“, изјави Андријана во една пригода за Гламур магазин, кога нејзиниот син Димитар имаше девет, а неговото помало братче, Кристијан, шест години.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
„Секоја мајка се гордее со своите дечиња, не мора да се тоа некакви дипломи и титули. За мене е доволно да се добро воспитани, да ги почитуваат другите луѓе без предрасуди, да го ценат другарството, да помагаат, да знаат кога погрешиле и да кажат извини“, додаде тогаш Андријана откривајќи што најмногу ја прави горда како мајка.