Претепаната пејачка повторно заврши во болница – шокантното видео го потресе целиот Балкан
Многумина се уште го споделиваат видеото, но пејачката ги замолува сите да не го прават тоа...
Пејачката Алдина Бајиќ од Босна и Херцеговина пред две недели крвнички беше претепана од својот сопруг Адис Цигура.
По овој страшен настан се појави и снимка на која се гледа како сопругот ја тепа, а откако истата почна да се шири на социјалните мрежи, на пејачката повторно и се слошило.
Како што откри српскиот Курир, родената сестра на Алдина апелира до медиумите да се сопре ширењето на снимката затоа што пејачката поминува низ истата тортура.
Инстаграм
Таа воедно им се заблагодарува на медиумите за огромната поддршка, но ги моли истовремено да не го споделуваат видеото затоа што на Алдина како мајка и жена не и е потребно да поминува низ истото.
Принтскрин/ Твитер
Таа и самата претходно апелираше да не се шири видеото, најмногу затоа што не сакаше истото а го видат нејзините деца.
Потсетуваме, музичарот Адис Цигура беше уапсен откако во јавноста се појави видеото на кое се гледа како физички ја злоставува својата сопруга, познатата босанска пејачка Алдина Бајиќ.
Инстаграм
Музичарот заради насилството во семејството веднаш беше однесен во полиција, а од судот во Зеница му е одреден притвор од 30 дена.
Инстаграм
Според информации објавени од медиумите, Адис има забрана да и се доближува на неговата се уште законска сопруга Адлина, а по излегување од притворот го очекува судење, а потоа и поделба на имотот.
Инстаграм
Инаку, пејачката Алдина Бајиќ никогаш немала лагоден живот, па за својата егзистенција се борела од најмали нозе, а пред десетина години беше и болна од тешка болест, карцином.