И Миа „распали“ по оние што шират лажни вести и непроверени информации за исчезнатата Вања!
Познатата инфлуенсерка револтирана од неодговорноста на поединци во врска со случајот што ја крена целокупната јавност на нозе
Полицијата веќе петти ден интензивно трага по исчезнатото девојче Вања Ѓорчевска од Скопје.
Потрагата по Вања Ѓорчевска од Скопје влезе во петтиот ден, а Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за медиумите изјави дека се прегледани повеќе од 50 камери, сите подруми, коритото на реката Вардар, како и дека се земени сите електронски уреди, но и дека имаат некои информации од нив.
фото архива
Вања Ѓорчевска има 14 години и исчезна на 27 ноември во раните утрински часови на патот кон нејзиното училиште.
фото архива
Откако во медиумите почна да се шпекулира за нејзиното наводно пронаоѓање и почнаа да се шират дезинформации многу јавни личности беа револтирани.
На социјалните мрежи може да се прочитаат секакви коментари а поради тоа се огласи и Миа Костова видно револтирана од целата ситуација.
фото инстаграм/Миа Костова
Нејзиниот статус го пренесуваме во целост.
-Јас не можам да останам имуна како и секогаш на овие будалаштини и толку прост народ кој за жал преовладува… Во ред е да се бара извештај во врска со истрага, но, дали навистина мислите дека детали од било каков траг или информација треба да ги знае Славица за да прашува и пишува како понатаму? Дај бре соберете се и со поезијата што ја пишувате кон девојчето, божем ќе ве прочита и ќе си рече, за дома е време. Работата е многу пострашна, престанете да сте идиоти, не коментирајте, не делете памет, следете препораки ако веќе сакате да помогнете и прекинете со задоволување на желбата за муабети додека ви се вари трајната фризура и дајте да све заврши добро.
фото инстаграм/Миа Костова
„Со шпекулации може само да наштетите на истрага, да направите бербат и поголема беља. Зборете си со комшиката НЕ на фејсбук и во коментари“.
„Гнаса народ-све Славици“, напиша Миа на својот Фејсбук профил.