Реклама
Вирално

Престанете веднаш да ширите лаги за коронавирусот! Највлијателниот германски виролог бесен: Тоа што го правите е опасно

Реклама

Прашање е само зошто многумина не им веруваат?

Бидејќи корона вирусот се шири низ целиот свет, лекарите не само што треба да се борат да спасат животи, туку и против лажни вести за вирусот, кои се шират како шумски пожар. Затоа германскиот виролог Кристијан Дростен и повеќе од сто германски лекари, медицински сестри и здравствени експерти се обратија пред јавноста со отворено писмо.

Маркетинг

„За да се спасат животи и да се врати довербата во лекувањето засновано врз научни сознанија, неопходно е технолошките гиганти да престанат да шират лаги, искривени информации и фантазии, што нè ставаат во опасност сите“, пишуваат авторите, мислејќи на Фејсбук, Твитер, Гугл и други.

Како што пренесува Меркур.де, повикувајќи се на писмото објавено во „Њујорк Тајмс“, технолошките компании имаат „многу големо влијание“, и се одговорни за „потиснување на ширењето на лажни информации, со цел социјалните мрежи да го направат нашето општество уште поздраво“. Технолошките гиганти мора да стојат на патот на понатамошно ширење лаги, искривени информации и фантазии, велат здравствените работници во своето обраќање.

Маркетинг

Како што се наведува, причината за објавување на писмото е акутна пандемија на вирусот корона, во која лажни информации како што е онаа дека кoкaинoт е лек против вирусот или дека Ковид-19 е развиен како биолошко оружје се шират побрзо дури и од самиот вирус.

Сепак, ова е само „дел од глобалниот проблем“, бидејќи во принцип, на социјалните мрежи најчесто се пофалуваат погрешните лекови и се објавуваат постови со цел луѓето да се одвратат од вакцинација и ефикасна терапија“, пишува во соопштението за здравствените работници.

Иако технолошките компании се обидуваат да реагираат со бришење на постови, нивните напори „не се ни приближно доволни“, се вели во писмото. И на овој начин платформата не само што им го олеснува проширувањето, туку и на тоа заработуваат, се вели во писмото.

Од друга страна, познатиот француски доктор Дидие Раулт има малку понаков став за епидемијата. Имено, тој не верува дека коронавирусот ќе има втор бран, и покрај тоа што голем број доктори предупредуваат на тоа.

Епидемијата го имаше својот врв, опаѓа и тоа опаѓање продолжува, тврди Раулт.

Тој вели дека тоа се отслукува со крива во форма на ѕвоно и дека тоа се случува во најголем број случаи кога станува збор за вирусни епидемии. Францускиот професор истакнува дека повеќето од ваквите зарази одеднаш се појавуваат и исто исчезнуваат, без да се знае поради што.

„Приказната за повторниот скок е фантазија измислена врз основа на шпанскиот грип кој со ова нема никаква врска“ – рече директорот на Медитеранската инфективна клиника во Марсеј. Тој нагласи дека пред излегувањето од општиот карантин треба да се изолираат само позитивните случаи, но и додаде дека пренесувањето на вирусот ќе биде послабо отколку досега.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button