Преслатка снимка од домот на Шерифовиќ – пејачката го покажа шефот, фотографијата ги насмеа сите
Малиот Марио решен софата да си ја земе само за себе
Ги развесели фановите
Познатата пејачка Марија Шерифовиќ направи фотка од својот наследник со кој предизвика воодушевување кај своите фанови.
Марија, која својот син Марио го доби при крајот на минатата година со помош на сурогат мајка, откако се оствари во улога на мајка не се одвојува од својот наследник, но и постојано објавува снимки со него.
Па така пејачката сега сподели уште еден неодолив момент од семејниот дом во Белград со кој ги растопи сите.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Таа сега го „фати“ својот син додека ужива на софата, а истовремено се пожали и дека нема место за неа.
„Тоа е тоа. Повеќе немам ни софа, бидејќи е шеф“, напиша Марија покривајќи му го лицето на својот син со зборовите.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Потсетуваме, откако и се оствари најголемата желба во животот Марија Шерифовиќ не крие колку е среќна.
Таа не се одвојува од својот наследник, што покажува колку е таа посветена мајка, а на Инстаграм споделува моменти со него.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Нејзините објави секогаш привлекуваат внимание и ги разнежуваат нејзините бројни фанови, а уште некои од нив погледнете во продолжение…