Препораки на Македонка што живее во епицентарот на епидемијата со коронавирусот – нејзините зборови сите ги шеруваат!
Еве што ни порача нашинка што живее во близина на Милано
Соња Делова, девојка од Неготино која живее во близина на Милано порача дека нашата влада добро направила што на време ги затвори училиштата.
Таа до своите сонародници од Македонија им порача да не излегуваат без потреба од дома и да избегнуваат контакти што е можно повеќе бидејќи ситуацијата е многу сериозна и вирусот брзо се шири, посебно меѓу најризичните категории.
Според неа, а како што пренесе МИА, главен проблем во Италија било тоа што на почетокот овие предупредувања граѓаните не ги сфатиле сериозно.
Таа со семејството живее токму во зафатениот регион со вирусот, во Бресциа, Ламбардија, Северна Италија, на 100 км од Милано и 40 км Бергамо.
Забрането е излегување надвор без неопходна причина и оправдување. Доколку одиме во продавница или на доктор мораме да имаме оправдување во случај на контроли од страна на полицијата, открива оваа млада девојка и додава дека според неа треба да се воведат и подрастични мерки, како на пример затворање на продавниците.
Инаку бројот на лица што го изгубија животот во Италија во 24 часа достигна 250. Оваа бројка е најголема откако изби епидемијата.
Според генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом. Европа сега е епицентарот на епидемијата коронавирус.
Првата ноќ помина мирно во Дебар и Центар Жупа, жителите ги почитуваат препораките
Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес конференција ја информираше јавноста за последните податоци поврзани со корона вирусот. Тој истакна дека жителите на Дебар и Центар Жупа ги почитуваат препораките за органичено движење.
-Сите граѓани се со мислите и срцата со граѓаните од Дебар и Центар Жупа. Сите институции и вработените, ги организираат сите мерки од Акцискиот план и се на терен. Првата ноќ минала мирно, без инциденти и без движење, тоа е добро. Најважно е граѓаните на таков начин да го дадат својот придонес, рече Спасовски.
Тој појасни дека е формиран кризен штаб кој превзема мерки за спречување на ширењето на корона вирусот, по што им се обрати на овие жители.
-Бидете уверени дека е ова најдоброто решение кое најбрзо ќе даде резултати. Ве замолувам да нема паника. Заедно со вашите први луѓе, градочалниците, во општината ќе ги добиете најдобрите здравствени мерки. Ќе функционираат продавниците, бензиските, аптеките. банките и поштите ќе работат со скратено работно време, рече Спасовски, појаснувајќи дека кризната состојба ќе трае 30 дена.
Спасовски појасни дека овие жители ќе можат да ги напуштат општините само доколку нивната состојба е животнозагрижувачка.
-Тогаш итно ќе бидат транспортирани со возила на Брза Помош, рече Спасовски,
Еве кога епидемиолозите очекуваат крај на пандемијата со коронвирусот
Медицинскиот советник на кинеската влада Зонг Наншан истакна дека се намалува бројот на заразени со вирусот корона и прецизира дека глобалната пандемија најверојатно до јуни ќе биде завршена, пренесуваат светските новински агенции. Набшан е кинески епидемиолог познат по борбата со САРС во 2003 година, и тој вели дека бројни увезени случаи со заразите Кина се со асимптоматски појави, односно дека процентот на реинфекции на болните што оздравиле е низок.
Кинеската комисија за национално здравје претходно соопшти дека врвот на епидемијата во земјата поминал, па така во централна Кина вчера имаше само седум нови случаи на зараза, а во покраината Хубеј, центарот на епидемијата, потврдени осум нови случаи и тоа е прв пат оваа бројка со новозаразени да не е двоцифрена.