Преплашена и врзана, крвнички ја убиле и закопале – последните моменти од животот на малата Вања
Еве како изгледале последните моменти на Вања пред да биде монструозно убиена...
Еве како изгледал маченичкиот ден на малата Вања кога е киднапирана, а потоа и монструозно убиена.
И зошто киднаперите иако сакале да изнудат пари од мајката на девојчето, за која наводно имале сознание од нејзиниот сопруг дека добила пари од наследство, никогаш не побарале пари од неа за откуп, туку решиле да ја убијат нејзината ќерка.
Малолетната Вања Ѓорчевска е киднапирана од влезот во зградата во која што живеела заедно со својата мајка и сестра.
Осомничените за нејзино киднапирање, а потоа и за свирепото убиство, меѓу кои е и нејзиниот тако, во моментов се во Шутка.
Фото: Фејсбук
Првоосомничениот кого останатите тројца го посочуваат како организатор и извршител на убиството, е во бегство.
За него е распишана меѓународна потерница.
Според она што беше откриено на прес-конференцијата за медиуми, вака изгледа реконструкцијата на целиот настан.
Вања околу 7.27 часот излегува од дома. Таа е фатена од киднаперите во влезот на зградата, врзана со јаже и ставена во вреќа за спиење.
Тие во следните неколку минути ја ставаат во автомобилот марка „цитроен“, украден од Велес од другата жртва.
Околу 7.30 часот тие тргнуваат заедно со Вања, а пред нивното возило се движи „рено канго“, управувано од првоосомничениот, и преку „Партизанска“ се упатуваат надвор од централното градско подрачје.
На мајката на Вања и јавуваат дека нејзината ќерка не дошла на училиште, по што таа откако ќе се јави кај неколку нејзини другарчиња, ќе реши да ја пријави како исчезната на телефонскиот број 112.
Мобилниот телефон на Вања е исклучен некаде околу 7.35 минути, во близина на „Силбо“ и „Броз кафе“, спроти „Универзална“, а киднаперите околу 8.40 влегуваат во општината Чучер Сандево.
Фото: Фејсбук
Мајката пет минути претходно го пријавува исчезнувањето, а нешто повеќе од еден час подоцна нејзината ќерка е убиена.
Таа е убиена околу 10.00 часот. Нејзиното тело е затрупано, а автомобилот од првата жртва е запален во близина.
Истиот ден е пронајден автомобилот, но во тој момент никој не претпоставува дека има некаква поврзаност со исчезнатото девојче.
Фото: Фејсбук
Во меѓувреме таткото на Вања, околу 11 часот, пријавува во полиција дека неговата ќерка е исчезната.
Тој цело време е достапен на полицијата и соработува со нив, мајката ниту во еден момент не се сомнева во него.
Таа во 12.08 часот на Фејсбук објавува дека нејзината ќерка ја нема и дека се сомнева дека некој ја киднапирал.
Ги замолува граѓаните да не шират шпекулации, а во медиумите дава изјави и за таткото на Вања, воопшто не сомневајќи се во него.
Но според информациите што ги соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, првоосомничениот во ова грозоморно убиство, Љупчо Палевски Палчо, наводно информациите за Вања ги добил токму од нејзиниот татко.
Тоа го изјавиле приведените осомничени во текот на истрагата, додека таткото негирал било каква вмешаност во киднапирањето.
Киднаперите откако добиле информации дека девојчето тој ден сама ќе тргне на училиште, ја фатиле во влезот од зградата, и ги врзале нозете и рацете, ја ставиле во вреќа за спиење, а потоа во автомобилот.
Тие потоа ја однеле надвор од Скопје, каде што возилото е запалено откако монструозниот злочин бил извршен.
Фото: Фејсбук
Убиството се случило во селото Бразда, а според истрагата, осомничените признале дек ситуацијата им избегала од контрола затоа што Вања веќе ја барале, па решиле да ја убијат и да ги сокријат трагите.
Тие во текот на истрагата раскажале каде и како го ископале гробот, по што полицијата ги пронајде телата на жртвите.
Мотивот за овој страшен злочин, според изјавите на осомничените, биле поврзани со обидот од мајката да изнудат пари, иако заради сплет на околности, тие процесот на изнуда не го започнале.
Не стивнуваат реакциите на граѓаните
По информациите за смртта на малолетното девојче, не стивнуваат реакциите на граѓаните на социјалните мрежи.
Тие бараат сторителите на ова монструозно дело да се казнат со најстроги казни и да се нема никаква милост кон нив, а некои дури бараат и да се воведе смртна казна.
Се огласија и неколку адвокати во врска со целиот случај, а еден од нив е и адвокатот Драган Пешевски кој побара ревидирање на видот на кривините дела за вакви грозоморни дела, но апелираше и до неговите колеги никој д не се нафати да ги брани.
„ Ревидирање на видот на кривичните санкции за вакви грозоморни дела, односно додавање на нови посурови и апел до сите колеги адвокати НИКОЈ да не се нафати да ги брани ако увиди дека постои и најмал сомнеж дека се тие лица сторители, а и адвокатот кој ке им биде поставен по службена нека не се ангажира баш нај нај, да не кажам ич!!!“ напиша тој на фејсбук.