Премиерката на Србија заедно со својата партнерка се појави на Парадата на гордоста во Белград. Сите гледаа во овој детаљ (фото)
Премиерката на Србија Ана Брнабиќ ги поддржа учесниците на овогодишната Парадата на Гордоста во Белград.
Таа на настанот се појави заедно со својата партнерка, докторката Милица Ѓурѓевиќ која привлече големо внимание со својата маица на која со впечатливи црвени букви пишува „Never modern“ или „Никогаш модерна“.
„Сакам да му се заблагодарам на целито тим за организацијата. Мислам дека повторно испративме порака на мир и толеранција која во Србија мораме да ја чуваме. Мислам дека се движиме во вистинската насока, а ‘прајдот’ служи за дигање на свеста. На мене ми е важно да зборуваме за европските права и ЛГБТ заедницата, и политички да не се делиме кога се во прашање човечките права. Секоја година станува се полесно. А тоа е така кога имате Влада која обезбедува сите да имаат исти услови“, изјави Брнабиќ.
Погледнете како тие изгледаа…