Реклама
Вирално

Преку интернет запознал фатална Украинка во која се вљубил, но ВИСТИНАТА за неа му го скрши срцето и го остави без пари!

Реклама

Британецот Колин Ор (40) преку една интернет страна ја запозна 32 годишната Олга со која со месеци бил во врска.

Фото: Приватна архива (Колин Ор)

Кога прв пат ја запознал Украинката Олга Марченко преку една интернет страница Британецот Колин Ор мислел дека тоа е љубовта на неговиот живот.

Тие размениле повеќе од 800 електронски пораки, илјадници пораки на „ВатсАп“ и бројни телефонски повици и фотографии. Колин по некое време почнал и да и испраќа пари на Олга на која и биле потребни бидејќи била самохрана мајка и со својата ќерка живеела во еден град во Луганск во Украина.

Маркетинг

По неколку месеци онлајн врска, Олга му призна дека би сакала да живее со него во Единбург. Колин тогаш веднаш отрчал во „Вестерн унион“ и и’ испратил пари, но кога конечно дошло време да ја види избраничката на своето срце, го доживеал најголемото разочарување во животот.

Фото: Приватна архива (Колин Ор)

Имено, Олга со својата ќерка требало да слета на аеродромот во Единбург, а на Колин му кажала што ќе носат и двете за да ги препознае полесно.

Маркетинг
Фото: Приватна архива (Колин Ор)

Но кога дојде на аеродромот за да ги собере, тие двајцата не излегле од авионот што стигнал од Украина.

Колин најпрво помисли дека на Oлга и се случило нешто па go пријавил вo полиција нејзиното исчезнување. но полицијата му открила дека лице со тоа име се наоѓа надвор од Велика Британија и дека не е исчезната.

Тогаш Колин сфатил дека фаталната Украинка го измамила и тоа за 1600 фунти кои што за време на нивната врска ги има испратено.

Секако дека на почетокот одвреме-навреме ќе помислев дека станува збор за измамничка. Но по сите тие пораки и се што поминавме заедно мислев дека конечно ја пронајдов вистинската“ изјави тогаш овој 40 годишен маж.

Фото: Приватна архива (Колин Ор)

Кога би можел да разговарам со неа, би ја прашал зошто баш јас. Од милион други мажи, зошто избра маж од работничка средна класа за да краде од него. Крваво работев и имам хернија, за што морам да одам на операција, само затоа што сакав да и помогнам на неа и на нејзината ќерка“, изјави Колин кој со својот пример сакаше да ги предупреди останатите луѓе да не веруваат на сите што ќе ги запознаат преку интернет без разлика на тоа како се преставуваат.

Фото: Приватна архива (Колин Ор)

Од тогаш поминале три години, Колин е се уште слободен и се уште ја бара својата сродна душа.

Фото: Приватна архива (Колин Ор)

Моментално работи како готвач и очигледно е многу добар во работата бидејќи одржува и курсеви.

Фото: Приватна архива (Колин Ор)
Фото: Приватна архива (Колин Ор)
Фото: Приватна архива (Колин Ор)
Фото: Приватна архива (Колин Ор)
Фото: Приватна архива (Колин Ор)
Фото: Приватна архива (Колин Ор)
Фото: Приватна архива (Колин Ор)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button