Интервју

Прекрасно е да се биде дедо, мојот Јаков си го сакам повеќе од сé – домаќински муабет со фолк-пејачот Цаки Кисми

Квалитетот и посветеноста која ја имаме кон музиката сеуште прави да сме барани за настапи и прослави- искрено со Цаки од групата Кисми

Реклама
Реклама

Интервју со Сашо Нојкиќ, во јавноста познат како Цаки Кисми

„Збогум збогум“, „Две очи расплакани“, „На свадбата твоја“, „Милионерче“, „Оди оди“, се  само дел од песните кои ја одбележаа кариерата на групата Кисми во деведесетите.

Во тоа време беа неизбежна група во секоја кафеана и на секоја прослава а така е и до ден денес. Цаки кој е вокал на групата низ разговор во интервјуто за Гламур ни открива кога беа точно нивните почетоци а и нешто за секодневието и приватниот живот.

Маркетинг

Приватна архива

 „Збогум збогум“, „Две очи расплакани“, „На свадбата твоја“, „Милионерче“, „Оди оди“, и многу други песни се дел од Вашиот музички опус со групата Кисми, се сеќавате ли на Вашите почетоци како започна се?

Се сеќавам да, тоа беше далечната 1992 година, кога јас и бендот Кисми кој спонтано го формиравме започнавме со свирки по познатите тогашни кафеани, некои од нив маалски, но и кафеани од пошироката околина. Тогаш навистина се некако беше поинаку, дружбите во кафеани беа задолжителни и ми се чини дека имаше повеќе кафеани за такви свирки.

Кога Вие почнавте со музика и настапи по кафеани и веселби беа други времиња, тешко ли беше да се изгради кариера во тоа време и која од песните ви беше отскочна даска да ве запознае публиката?

Секако дека кога започнуваш и кога си млад, сите ние имавме по 22, 23 години, а сепак на естрадата имаше и повозрасни и сериозни пејачи и ѕвезди, и мораш да го заслужиш своето место на естрадата не беше едноставно. Но сепак мислам дека новиот звук, новиот стил на песни кои ги презентиравме си го направија своето.

Маркетинг

Песна која ни беше како отскочна даска беше „Данче Даниела“ која брзо стана хит и барана песна.

Приватна архива

Негувате еден посебен стил на музика, но ми се чини дека во последно време не снимате многу нови песни, која е причината?

Можеби не скоро но имаме снимено, но некако публиката секогаш ги бара старите хитови од нас и затоа сметаме дека нема причина толку да форсираме со нови песни.

 Која е тајната да после толку време уште сте најбарани за прослави и настапи?

Најверојатно тоа е квалитетот и посветеноста која ја имаме кон музиката

Приватна архива

Колку што можев да забележам имате доста настапи, веселби, дали сте букирани за оваа и наредната година, задоволни ли сте од Вашите ангажмани, и дали имате нешто договорено за надвор од земјава?

Да имаме премногу настапи, и за наредниот период а и за наредната година. Така да, само здравје, а настапи ќе имаме и низ Европа наредниов период.

Честопати можеме да забележиме на Вашите објави дека кога пеете имате и бакшиш, колку била најголемата цифра која сте ја добила и каде?

Па да многу често, и не е лошо. Дарежлив е нашиот народ и знае да награди добра музика или добра песна која има текст кој ќе ги погоди, а за цифрите… не е лошо.

Приватна архива

Семеен човек сте кој ги негува вредностите и горд дедо, колку Ви се смени животот од кога станавте дедо и дали внуците се најголема љубов?

Семејството е многу важно, чувството да сте дедо е прекрасно и не се опишува туку треба да се доживее. Си го сакам мојот Јаков повеќе од се.

 Можам да забележам дека ве нема на фестивалите, зошто?

Ние никогаш не сме биле фестивалска група, едсноставно не се пронаоѓаме таму.

Бидејќи гласот за еден вокал е многу важен, како го негувате и одморате од многуте настапи?

За да го одморите гласот најдорбо е убаво да се наспиете, и гледам колку можам после настап да спијам, но понекогаш внукот баш и не ми дозволува.

Имате ли некое хоби, што правите во слободно време?

Во слободно време многу сакам да гледам филмови, голем филмоман сум, но исто така и шетам со мојот миленик шарпланинецот Бак.

Знае ли Цаки да готви и што е тоа што го правите кога имате време?

Не готвам многу, не сум многу вешт во кујна, но можам да се пофалам дека права многу добра скара.

Што може да најавите во најскоро време од групата Кисми?

Можеме да најавиме многу настапи и добри забави, а може и некое ново хитче.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button