Реклама
Холивуд

Прекрасната кралица повторно НЕ можеше да им одолее на панталоните што ги обожаваат и најпознатите светски трендсетерки

Реклама

Кралицата Летиција ги угости во својата резиденција, палатата Зарзуела, членовите на здружението за превенција, реинтеграција и грижа за проституираните жени (АПРАМП) а со своето елегантно издание повторно го привлече вниманието на целиот свет.

Имено шпанската кралица отсекогаш важела за модна икона и една од најдобро облечените дами на кралскиот двор, а нејзините комбинации редовно ги исполнуваат страните на познатите модни магазини. Тоа беше така и овој пат кога 45 годишната кралица ги пленеше погледите со едноставно, но крајно елегантно и женствено издание.

Маркетинг

Таа за оваа пригода избра бела сатенска блуза без ракави и крајно елегантни „palazzo“ панталони со копчиња по целата бочна должина кои се со потписот на италијанската модна куќа „Hugo Bossa“. Панталоните со копчиња се популарни во последниве неколку сезони, особено оние кои потсетуваат на тренерки, а овој тренд пред само неколку дена го фураше и првата дама на Америка, Меланија Трамп.

Маркетинг

Комбинацијата кралицата Летиција ја заокружи со црно-бели шпиц салонки со високи потпетици од „Magrit“ и обетки со потписот на „TOUS Jewelry“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button