Реклама
Култура[тор]

Прекрасната Атиџе и „Медена земја“ против алчните луѓе што го уништуваат светот

Реклама

Медена земја е бисер на македонската кинематографија кој досега собра бројни награди низ целиот свет, а се надеваме дека ќе освои и Оскар.

„Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата стара и болна мајка во централна Македонија. Таа живее во склад со природата, користејќи ги нејзините ресурси онака како што треба, без човечката алчност.

Маркетинг

Во прашање е фасцинантна приказна за животот и смртта, природата и човекот, но и за алчноста како главен виновник за уништување на природата и човекот, мрачна сила во средиштето на суровиот капиталистички систем кој вшмукува и уништува се пред себе. Токму капитализмот и човечката алчност ги истребија и пчелите, ни порачува овој генијален документарен филм, кој зазема посебно место во времето кога се актуелни пожарите во Австралија и претходно во Амазон, уништувањето на бројните животни заради климатските промени или производство на масло од палма.

Маркетинг

Атиџе е скромна жена која живее со својата стара и тешко болна мајка во едно зафрлено планинско село, Бекирлија, во Овче Поле, далеку од цивилизацијата, во потполна изолација, која на еден начин стана универзална. Живее во склад со природата секогаш одвојувајќи само половина мед за себе, а половина за пчелите. Таа луксузот го мери со бројот на залаци што ќе ги изеде, но се ќе се промени кога во селото ќе се всели едно многучлено семејство.

Нивните неморални потези ќе предизвикаат помор на пчелите, бидејќи се номади кои сакаат да ги искористат сите ресурси и потоа да заминат на некое друго место за експлоатација. Тамара Котевска и Љубомир Стефанов на овој начин ни преставуваат семејство кое уништува се што ќе најде пред себе – но и тие се жртви на современиот живот, луѓе кои не знаат за подобро. Тие се совршен пример за тоа како себичноста денес е основа на човечкото однесување, а алчноста негов производ кој многу лесно може да не уништи сите.

Атиџе Муратова на своите пчели со кои има посебен однос понекогаш знае и да им запее, и тие како да уживаат во нејзиниот глас. Иако живее во тешки услови, кои за модерниот човек се незамисливи, таа не е лик што го жалиме. Таа е силна жена, речиси нетипична феминистичка хероина, една од оние кои за поимот феминизам никогаш ни не слушнале, но преставуваат одличен пример на жена која лавовски се бори за својот светоглед. Таа се бори за својата егзистенција и за неа пчелите и се партнери. Затоа и нејзиниот мед е поскап отколку на другите, и таа секогаш има свои купувачи.

Таа во себе храбро ја носи пораката „Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената“ и за неа губењето на пчелите не е само губење на досегашниот начин на живот, туку и на целиот универзум. Затоа и ние не смееме да дозволиме алчноста да не победи и секогаш треба да се задоволиме само со „половина од медот, а другата половина да ја оставиме за пчелите“, односно да не уништуваме се што  пред нас, туку да оставиме нешто и за оние што се по нас.

Но дали ние тоа можеме да го разбереме?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button