Прекрасен ден, голема среќа во семејството – мајката на македонскиот пејач се огласи и соопшти убава вест
Прекрасна причина за славење, цело семејство беше среќно.

Мајката на познатиот фолкер објави фотографии и видео од прославата во нивното семејство.
Единствениот наследник на легендарниот Војо Стојаноски, неговиот син Дамјан тргна по стапките на својот татко и веќе може да се пофали со успешна музичка кариера.

Неговите настапи се закажани месеци однапред, а публиката го обожава.
Дамјан е и музички поткован, односно дипломираше на Факултетот за музичка уметност , отсек-соло пеење.
ФОТО: Фејсбук / Дамјан Стојаноски
Тој ја продолжи мисијата на својот татко, па преку песните работи на афирмацијата на вистината за Македонија.
Најчесто настапува заедно со својот братучед, пејачот Влатко Миладиноски, а на нивните настапи се пее само традиционална македонска музика.
ФОТО: Фејсбук / Дамјан Стојаноски
Приватно, амјан е неколку години во брак со својата избраничка Елена Билеска.
Во 2020 година Дамјан и Елена го добија своето прво дете, синот Војдан, а минатата година ја добија и ќеркичката Јана.
ФОТО: Фејсбук / Дамјан Стојаноски
Годинава Војдан наполн 3 години, па семејството организираше голема роденденска забава за него.
Иако тато не е активен на социјалните мрежи, баба Евица сподели фотографии и видео од прославата.
ФОТО: Фејсбук / Дамјан Стојаноски
Македонското знаме зазема централно место на забавата.
„Војдан, стигна до тројката. Да ни е жив, здрав и к’ сметлија. Роденденот, по негова желба, во знакот на моторите“, стои во опиот на објавата.