Реклама
Вирално

Пред 8 години се родија како идентични бебиња, а денес важат за најубави близначки на светот

Реклама

Близначките Ава Мари и Лија Роуз Клементс од Калифорнија се родени во јуни 2010 година и една од нивните први заеднички фотографии веднаш стана вирална и неколку пати го заобиколи светот.

Ава и Лија едноставно ги освоија луѓето со своите убави големи очи. Тие денес имаат осум и пол години и ги нарекуваат најубавите близначки на светот.

Маркетинг

Нивната мајка Џеки вели дека имаат голем број понуди од модни агенции, и покрај манекенството, исто така, одат и на училиште, но се занимаваат и со танцување.

Маркетинг

Нивниот профил на Инстаграм има повеќе од еден милион следбеници, а честопати некој во коментарите ќе напише дека девојките изгледаат по малку тажно, но Џеки открива дека тоа е многу далеку од вистината.

Таа вели дека Ава и Лија сакаат меѓусебно да се фотографираат и дека уживаат во тоа. Тие го имаат споено удобното, односно она што најмногу го сакаат, со корисното, па така сега нивната кариера е практично загарантирана. Имено, откако пораснаа доволно, и се извишија, нивната мајка им најде агент. Тие почнаа и навистина да работат како модели, а во јули 2017 година им го отвори и нивниот профил на Инстаграм.

„На почетокот немав идеја што да правам, а сега имаме 860.000 следбеници“ вели мајката. Девојките, денес со фотографиите заработуваат сериозни пари, и што е уште поважно, „уживаат во секој момент“, како што вели таа.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button