Пред 20 години беше една од најубавите и најпознатите жени во цела Македонија, па се омажи и ја снема – еве како изгледа денес!
Натали Грубовиќ во 90-тите и во времето на „Бинго“ беше една од најпознатите и најубавите дами во Македонија.
Поранешната манекенка Наталија Грубовиќ со години ја гледавме во популарната телевизиска игра на среќа „Бинго“ додека истото го водеше Игор Џамбазов.
Игор и Натали во тоа време беа најпознатото водителско дуо кое со години ја забавуваше македонската јавност.
Како што самиот Игор во една пригода истакна, тоа беше златната ера на телевизиските игри на среќа.
Тие во тоа време заедно ги водеа популарните „Џандар збира“, „Супер Бинго“ и „Тркало на среќата“.
Инаку, поранешната манекенка во последните години речиси целосно се повлече од јавниот живот.
Таа денес заедно со својот сопруг Дрен Глушец и нивната ќерка живее во Нови Сад.
Иако ја нема во јавниот живот, од нејзиниот профил на Инстаграм можеме да видиме како изгледа.
Додека беше бремена, Натали успешно ги избегнуваше медиумите, па ретко кој знаеше дека е во блажена состојба.
Но кога се дозна дека се остварила во улога на мајка, поранешната Бинго девојка повторно го привлече вниманието на медиумите.
Инаку, покрај Натали и нејзината сестра Радица своевремено важеше за една од најпознатите и најубавите манекенки во Македонија. Тие ја имаат и сестрата Марија и сите три се мајки, а Радица е најстарата од нив.
Од нивните фотографии на социјалните мрежи можеме да видиме дека и денес сите три изгледаат одлично и дека уживаат во мајчинството.
Мајчинството е најголем благослов
Инаку, малкумина знаат дека поранешната македонска „Бинго“ и „Лото“ девојка е дипломиран филолог по англиски јазик. Таа во меѓувреме заврши и Бизнис академија, Кембриџ бизнис студии во Белград, а ги заврши и постдипломските студии на Економскиот факултет во Скопје.
Таа се омажи пред пет години во соседна Србија, на мала интимна венчавка во хотелот „Метропол Палас“,
Нејзиниот сопруг е познат српски бизнисмен, и тие денес заедно со нивната ќеркичка живеат во Нови Сад.
Натали денес е специјалист а маркетинг и ПР, и веќе седум годни живее во соседа Србија.
Таа денес е горда и посветена мама, но и исполнета и среќна жена како што самата истакна во една пригода.
Што се однесува до нејзиниот изглед, Натали и денес изгледа занесно, а нејзиниот шарм како воопшто да не се променила за сите овие години.
Фото: Инст6аграм/ Натали Грубовиќ
Фото: Инст6аграм/ Натали Грубовиќ
Фото: Инст6аграм/ Натали Грубовиќ
Фото: Инст6аграм/ Натали Грубовиќ
Фото: Инст6аграм/ Игор Џамбазов
Фото: Инст6аграм/ Натали Грубовиќ
Фото: Фејсбук/ Натали Грубовиќ
Фото: Инстаграм/ Натали Грубовиќ
Фото: Инст6аграм/ Натали Грубовиќ