Реклама
Новости

Се сеќавате на момчето од што пред три години беше исфрлено на улица и оставено да умре од глад? Погледнете како изгледа денес

Реклама

Пред точно три години данската хуманитарна Ања Рингрен Ловен спаси мало момче од Африка чие семејството го исфрли на улица и остави само да се снаоѓа.

Тој тогаш имаше само две години, а причината што неговото семејство го исфрли од домот беше суеверието – тие веруваа дека малиот е вештер.

Маркетинг

Ања и нејзиниот сопруг Дејвид Емануел во Нигерија водат сиропиталиште во кои ги прифаќаат децата кои поради суеверие семејството ги напуштило, пишува Индепендент. Тие на момчето му го дадоа името Хоуп (Надеж).

Маркетинг

Тогаш фотографијата на која што Ања на изгладнетото двегодишно дете му нуди колачиња и шише со вода го заобиколи светот, и сега, три години подоцна, покажа како тој се опоравил и напредувал

 

„Денес Хоуп е силно и здраво момче полно со самодоверба. Тој е многу интелигентен и сака да оди на училиште. Заинтересиран е за животот и секој ден сака да научи нешто ново. Има неверојатно креативна имагинација и многу храброст. Од ништо не се плаши. Без сомнение, можам да кажам дека нема физички или ментални последици. Неговото закрепнување е неверојатно. Кога е опкружен со љубов, грижа и заштита, и најнесреќното и најболното дете може да стане победник. Не е лесна задача да се работи со деца кои биле мачени, малтретирани и исфрлени од целата заедница. Јас ги спасувам овие деца, но тоа е всушност најлесниот дел. Она што доаѓа подоцна е многу потешко. Обновувањето на нивните скршени срца, скршениот дух, самодовербата, сето тоа кај децата кои се ранливи, кои виделе смрт, тоа е најтешката работа во светот. Тоа бара голема жртва и оставање на сопствените потреби на страна. Тогаш веќе не сте повеќе центар на својот универзум. Работата со ранливите деца е најтешката, но и најдобрата работа на светот“.

„Хоуп денес е тука благодарение на вработените во организацијата ’Land of Hope’. Тие се вистински херои на оваа приказна.“

„Се надевам дека еден ден владата во Нигерија ќе обезбеди да ги стаса законот сите оние кои мачат и убиваат деца поради глупавото суеверие кое произлегува од незнаење, религија, сиромаштија и корупција. Секогаш ќе се прашувам зошто меѓународната заедница ги затвора очите кога станува збор за убиства на толку многу невини деца.“

„За мојот Хоуп – секогаш ќе те сакам. Ова е последен пат вака да се сликаме. Знам дека ти тоа го сакаш, но веќе му покажавме светот дека си победник. Повеќе не ти треба мојата заштита. Ти си силен и знам дека наскоро ќе го освоиш светот, а јас ќе навивам за тебе во секое време “, напиша таа во нејзината емотивна порака покрај фотографијата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button