Реклама
Вести

Пред Тодорова сабота се остваруваат сите желби- вечер сите девојки пред да легнат треба да го направат ова

Реклама

Православните верници утре го празнуваат денот кој е наречен Тодорица или Тодорова сабота.

Јавувањето на Свeти Теодор Тирон и укажувањето на подлите намери на царот Јулијан Отстапник биле повод да се востанови празникот Тодорова Сабота. Овој празник нема постојан датум, туку што се празнува во првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка.

За Тодорица се врзани повеќе обичаи и традиции. Во западна Македонија, на овој ден, се собирале ергените и невестите од повеќе села кои биле облечени во народна носија. Тие со своите родители шетале низ поголемите градови од западниот дел и така се запознавале и се бендисувале. Затоа, овој празник многумина го викаат „денот на бендисувањето“ или денот на љубовта.

Маркетинг

Утре именден празнуваат: Тодор, Тодорка, Божидар, кој доаѓа од Тео, што значи Бог и дар.

Маркетинг

Иако Тодорова сабота е црковен празник, а на тоа упатуваат повеќето обичаи што се изведуваат во црквата, сепак, на овој ден се изведуваат и повеќе обичаи кои очигледно водат потекло од многу постари времиња.

Најголемиот број обичаи поврзани со овој ден се изведуваат вечерта спроти празникот.

Во Гостивар, според еден понов запис, во минатото на овој ден доаѓале девојките и ергените од соседните села облечени во празнична носија, заедно со своите родители и шетале низ градот. Тоа било можност и за запознавање и за бендисување. Така во споменот на гостиварчани и околните села овој ден останал како ден на бендисувањето, односно како метафора на љубовта.

Во кривопаланечкото село Конопица последниве години е обновен еден древен ритуал што во минатото се изведувал на овој ден пред црквата што го носи името на св. Теордор Тирон. Имено во овој обичај учествуваат невестите што се омажиле помеѓу двете Тодорици заедно со своите свекрви задолжително облечени во народна носија. После ова поклонение пред светецот невестите веруваат дека ќе добијат пород и дека ќе ги следи благосостојба.

pexels

Со празникот Тодорова сабота се поврзани и други обичаи и верувања. Во Гостиварско пченката што ја враќале од црквата утрото на самиот празник ја носеле во полето и ја фрлале по нивите и бавчите велејќи: „Господе, колку зрна, толку тоари, толку дар и бериќет да ни даеш“.

На овој ден младите изведувале и повеќе обичаи со кои сакале да дознаат кој е нивниот иден брачен другар. Тоа го правеле на следниов начин: Во крпчиња врзувале варена пченица и пченка и три пати ја префрлале преку олтарот од црквата.

Потоа вечерта пред спиење ја ставале под перницата, заедно со првиот касај добиен во црквата „за мажо здравје”. До креветот ставале и дуле полно со вода за кое го врзувале појасот кој со другиот крај го ставале под перницата. Притоа наречувале: „Кој ми е речен да ми дојдит на мостов, да поминит по појасов, да го видам во сонот”.

Вакви обичаи забележал и М. Цепенков. „Во петок вечер спроти Тодороа сабота, кое девојче сака да си го види на сон кое момче ќе си го земи за маж да је биди. – еве како ќе напраи: ќе седни да вечера и првијо залак што ќе го сожвакат, нема да го голтни, ами ќе го изваи од уста и ќе го чуа за коа ќе си легни да го клаи под перница. Спиејќи над залаго, ќе и дојде тоа момче што и је наречено за да ја земи.

Ако види некое момче што го знаи, него ќе го земи бездруго, а пак ако види некое непознато, непознатото момче ќе го земи”. Сличен на овој обичај М. Цепенков забележал и во Битола: „Во град Битола спроти Тодорица праат мајките на ќерките еден маривет да познаат кое момче ќе и ја земи ќерката. Ќе појди една мајка в црква и ќе земи три зрна пченица, падната што има наземи. Коа ќе седнат да вечераат, ќе и го укради мајката на ќерката првиот залак и коа ќе си легни девојчето да спие, ќе и клаит под перница.

Спиејќи девојчето, ќе го сонуала кое момче ќе го земела, убао ќе го видела, очи со очи ќе се виделе и бездруго тоа момче ќе го земела. Утрото со душа ќе ја чекат мајка е да стани од спиење за да ја праша што сон сонуала. Ако е страмежливо некое девојче и неќи да е кажи на мајка си, таа ќе и нагодуа за соно што го видела и за момчето што го видела. Ете од трите зрна пченица и еден залак леб, клаени под перница ќе си го виделе на сон кое момче ќе земи. Ако е вистина ашколсун јас ќе му речам.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button