Пред само два месеци на целиот свет му покажа со што најмногу се гордее – фановите не можат да поверуваат дека легендата повеќе не е со нив
Еве со што најмногу се гордееше кралот на НБА кошарката, Коби Брајант (41)
Како што јавуваат американските медиуми, животот го изгуби легендарниот поранешен американски кошаркар Коби Брајант. Според првичните сознанија, се сруши хеликоптерот во кој летал легендарниот кошаркар, и тоа во близина на вилата на Кортни Кардашијан, во Калифорнија.
Коби зад себе го остави своето семејство, милионите обожаватели и многубројните спортски успеси.
Падот на хеликоптерот се случи во Калабасас, Калифорнија, а според првичните информации со него на лице место настрада и неговата ќерка Џана.
Таа имаше само 13 години.
Коби пред нешто повеќе од месец и пол на својот профил на социјалните мрежи објави слика со најблиските, додека сите позираа со насмевка на лицето.
Брајант имаше четири ќерки, Наталија, Џана, Бјанка и Капри, која се роди во јуни минатата година.
„Благодарен сум му на моето семејство“, напиша тогаш Коби.
Тој беше многу приврзан за своите наследнички, па често споделуваше заеднички фотографии на својот профил на социјалните мрежи.