Пред неколку години ги освои сите во Пинк ѕвездички, а денес во МАКЕДОНИЈА важи за опасна дама што остава без здив!
Младата пејачка покажа дека кога нешто се сака, сè се може, но и дека нејзиното момче е вистински среќник.
Убава и со моќен глас, таа го освои регионот, но и цела Македонија, а во последно време таа изгледа поубаво од кога било, па ужива да го покажува тоа.
Младата пејачка Антониа Гиговска не крие дека е решена да го доведе своето тело во топ форма, а резултатот е и повеќе од очигледен.
Таа веќе некое време е на специјална исхрана, но и редовно вежба во теретана, што можеме да го видиме и од нејзините последни објави на Инстаграм.
Таа и покрај тоа што изгуби преку 20 килограми, не се откажува од своите редовни тренинзи во теретана.
Сега на кратките Инстаграм приказни сподели видео на кое танцува во црни кожни панталони со интересен крој кои не би можел секој да ги носи и краток топ кој го откри нејзиниот рамен стомак.
Нејзините фанови се воодушевени од нејзиниот изглед, а може да се каже и дека многумина и завидуваат на изгледот.
Таа е неколку години во врска со Иван Јованов, фронтменот на Либеро бенд, со кој и живее заедно, па јасно е дека Иван е вистински среќник што има ваква девојка покрај себе.