Милош Илиќ, таткото на убиеното двегодишно девојче Данка Илиќ, по денешното сослушување на Срѓан Јанковиќ, имаше јасна порака до џелатите на неговата ќерка.
Срѓан Јанковиќ, осомничениот кој на 26 март во Бањско Поље заедно со Дејан Драгијевиќ ја уби двегодишната Данка Илиќ, денеска во обвинителството целосно го негираше делото.
Таткото на малата Данка, Милош Илиќ е шокиран од она што се случи денеска, бидејќи и тој, како и целата јавност во Србија, очекуваше Јанковиќ да открие каде се наоѓа телото на несреќното девојче.
– Шокиран сум од она што се случи денеска. Зошто чекаше два месеци за сега да негира се? Се надевам дека оваа агонија ќе заврши што поскоро, не го очекував ова, морам да кажам дека ме погоди, и нема да им простам – рече Милош Илиќ и истакна дека не може да верува што осомничениот за убиството го негираше делото:
– Ја крена цела Србија на нозе, сите чекаа да открие нешто, а тој рече ‘Немам врска со тоа’. Верувам дека знае нешто.
Тој исто така рече дека неговото семејство морало да се „повлече од социјалните мрежи“ поради низата негативни коментари дека биле вмешани во убиството на нивната ќерка.
– Ги затворивме мрежите, не можеме да ги прочитаме коментарите во кои не обвинуваат. Па кој нормален би му наштетил на своето дете. Само да се открие се, ќе ја отворам вратата од станот и ќе ја раскажам нашата приказна – рекол Милош Илиќ и открил дека тој и неговата сопруга се држат заедно и собираат сили за доброто на нивниот син и бебето што го чекаат.
– Засега се држиме поради синот и бебето што го чекаме.