Реклама
Вести

Пред малку се огласи премиерот Христијан Мицкоски и соопшти многу убави вести за пензионерите

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази подготвеност да седне на маса со бугарскиот претседател Румен Радев и со лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, доколку повторно стане премиер, но посочува дека изнаоѓањето решение е двонасочна улица и дека ние не можеме да бидеме добри соседи ако немаме меѓусебно почитување. Не е добрососедство, потенцира тој, ако едната страна е понижена, а другата ликува. Овој народ, вели Мицкоски, „направи многу за европската иднина и очекува Европа да му врати на народ и на државата“.

– Јас жалам што од страна на нашиот источен сосед доаѓаат вакви пораки. Јас мислев дека ваков тип на анахрони пораки се дел од средниот век, но за жал ете во современа Европа во 21 век во Европа сепак постоеле вакви политичари како што вие го цитиравте (Радев). Јас сум подготвен да седнам и покрај тоа и да разговарам и со едниот и со другиот.

Јас му посакувам на господинот Борисов да ја формира Владата во Бугарија бидејќи ние доаѓаме од Европската народна партија и логично е јас да посакувам нашиот источен сосед да има премиер кој доаѓа од истото семејство. Тоа не треба да имате дилема. Но исто така мојата порака е дека поминаа времињата кога овде кај нас имаше политичари кои беа сервилни, кои што виткаа кичма, кои што коленичеа, потпишува се и сешто што им беше ставено на маса. Од друга страна во името на европското знаме го ограбуваа народот, ја засрамуваа и понижуваа својата татковина, рече Мицкоски.

Маркетинг

Треба, вели македонскиот премиер, да се навикнат на политичари кои работат деноноќно за доброто и за иднината на граѓаните и на државата и на „политичари кои немаат намера да виткаат кичма, немаат намера да потпишуваат и прифаќаат се и сешто што им е ставено на маса, туку политичари кои едноставно се подготвени да разговараат врз основа на аргументи“.

Маркетинг

– Јас сум за тоа да се почитуваат договорите, тоа е двонасочна улица. Јас сум за тоа да се градат пријателства со соседите, соседите се факт и ние не можеме да избегаме од тој факт. Јас сум за тоа да се градат мостови, но истовремено и да се почитуваме. Ние не можеме да бидеме добри соседи ако немаме меѓусебно почитување. Не е добрососедство ако едната страна е понижена, а другата страна ликува. Тоа не е добрососедство, тоа е срам за едната, а другата страна не ја исполнила својата цел, рече Мицкоски.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потврди дека за зголемување на пензиите ќе треба да се чека ребалансот на Буџетот, за што тој и министерката за финансии, како што кажа, интензивно работат и кој е најавен за средината на јули. Најави две линеарни зголемувања и тоа со нивелирањето во септември и уште едно во март.

-Апсолутно. И од она што можам да видам дека и со оној првичен буџет којшто е поминат за оваа година недостасуваат околу 2,5 милијарди денари. Ќе имаме најверојатно две линеарни зголемувања најверојатно. Ќе биде ова потврда во текот на утрешниот ден или денот потоа.

Имаме две, едно со нивелирањето сега во септември линеарно зголемување од 2,500 денари и другото ќе биде во март уште 2,500 денари. Најпрвин треба да обезбедиме со ребалансот 2, 5 милијарди денари околу 40 милиони евра. Во овој буџет тие пари недостасуваат.

Се трошеле за работи за кои мислам дека многу ќе се занимаваат истражните органи во периодот што следи. И уште дополнителни 2,5 милијарди денари се подготвени за ова првично зголемување сега што ќе биде во септември, за овие тре месеци септември октомври ноември бидејќи пензиите ќе се исплаќаат тогаш.

Останатите ќе бидат во март и со тоа практично нашето ветување за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари во првата година ќе биде и порано исполнета. Нема да биде до јуни туку ќе биде до март, рече Мицкоски, кој беше на ставање на камен темелник на училиште во Драчево.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button