Вести

Пред малку се огласи министерот Бектеши и соопшти убави вести за граѓаните!

Advertisement

До 1 јули ќе има субвенција од страна на Владата директно преку ЕСМ со утврдување на нивната цена со која се продава електричната енергија, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

На новинарско прашање дали Владата размислува за ревидирање на висината на субвенцијата на цената на струјата со оглед дека сега има два часа евтина струја во текот на денот, Бектеши истакна дека во одредени месеци субвенцијата ќе се зголеми, а граѓаните да бидат спокојни бидејќи ќе нема зголемување на цената за првиот и вториот блок.

Advertisement


Целта на воведување на дневната евтина тарифа, посочи Бектеши, беше од моментот кога имаше инвестициски бум во делот на фотонапонските централи.

Во моментот кога зборуваме имаме инсталирани капацитети кои веќе произведуваат електрична енергија, а генерално во текот на денот се произведува повеќе од 680 мегавати. Тоа значи дека од април до октомври ќе имаме вишоци во одредени часови на денот што дава можност преку конкурентност да се намали цената на производство на фотонапонски централи.

– Како Влада секако дека субвенциите ги даваме индиректно преку работењето на ЕСМ со утврдување на цената на ЕСМ која ја нуди за универзалниот снабдувач и така ќе продолжиме до средина на оваа година кога треба да се донесе и новата одлука за цената на ЕСМ која ќе ја дава до универзалниот снабдувач што е и снабдувач за сите домаќинства и мали потрошувачи.

Ова значи дека до 1 јули ќе има субвенција од страна на Владата директно преку ЕСМ со утврдување на нивната цена со која се продава електричната енергија, рече Бектеши.

Како што појасни, во одредени месеци, секако субвенцијата ќе се зголеми. – На пример во јануари, во февруари, имаме помало производство на електрична енергија од страна на фотонапонските централи, а од април до октомври ќе се намали што на крајот на година со пресметките, методологијата на РКЕ, ќе биде истата цена и нема да има зголемување за одредени блокови.

Значи, граѓаните да бидат спокојни дека нема да има зголемување за првиот и за вториот блок. Спротивно, ќе има намалување на давачката за дистрибутивната мрежа, рече Бектеши.

Продолжено е ограничувањето на цените на основните прехранбени производи, вода и одредени видови пијалоци до 29 февруари. Oва е одлука од 222-та седница на Владата.

Владата донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед.

Со донесените измени на постоечката Одлука, на предлог на Министерството за економија, се продолжува ограничувањето на цените до 29 февруари 2024 година, наместо до 31 јануари 2024 година, за определени видови основни прехранбени производи и тоа: ориз, брашно, леб и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи.

Владата донесе и Одлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало.

Со измените на постоечката одлука, исто така на предлог на Министерството за економија, се продолжува до 29 февруари, од претходно утврденото ограничување на цените до 31 јануари, за: минерална негазирана и газирана вода и негазирани и газирани пијалоци (сокови), во определени пакувања и светло пиво.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button