Пред Македонците се две волшебни ноќи – направете го ова и ќе ви се исполнат желбите
Оваа ноќ е посебна

Посебен е и утрешниот ден – се верува дека доколку сакате да ви се исполнат желби треба да исполните некои мали ритуали.
Зимската краткодневица е најкраткиот и најтемниот ден во годината. Затоа е и посебен. Но откако овој ден ќе помине сонцето на небото ќе биде се’ подолго, ден за ден, се додека не ни ја донесе пролетта.
Многумина ја чувствуваат зимската краткодневица. Бидејќи денот е се помал и помал, и ние стануваме поизморени.

Тоа го знаеле и нашите предци кои со илјадници години го одбележувале овој ден потсетувајќи се на циклусите и промената на годишните времиња.
Важноста на овој ден лежи во самото Сонце. Сонцето ја претставува нашата душа, но и нашето его. Сонцето исто така ни го овозможува и животот на Земјата, а како количината на неговата енергија се намалува, така и добиваме помалку енергија од надворешниот свет.
Според древните легенди сите желби и мисли во ноќта на зимската краткодневица ќе бидат исполнети.
Овој ден од дамнина е симбол за почеток на следната фаза во човечкиот живот. Според верувањата зимската краткодневица е ден кога Сонцето повторно се раѓа.
Затоа овој ден е идеален за разни ритуали и обреди бидејќи претставува раѓање на нов живот.
Порано верувале дека секое гатање за време на зимската краткодневица дава најдобри резултати и бли најточно. Исто така оваа вечер е добра за анализа, нови планови, желби, односно промена која е во состојба да донесе подобрување во секое поле и на секое лице.
Периодот на краткодневица е обновување на енергијата
Почетокот на зимата носи големи промени, но и исполнувања на најголемите желби.
Од древни времиња зимската краткодневица е симбол на почетокот на следната фаза во човечкиот живот. Според верувањата, зимската краткодневица која паѓа помеѓу 21 и 22 декември е денот кога се раѓа Сонцето. Овој ден е идеален за разни обреди бидејќи одбележува раѓање на нов живот. Според древната легенда, сите желби и мисли во ноќта на зимската краткодневица ќе бидат исполнети.
Исто така добри резултати можат да се остварат и со исцелителски ритуали, обреди за стекнување мудрост, сила и привлекување на просперитетот. Покрај ова и секое прорекување за време на овој период од годината дава најточни резултати. Медитација, стекнување на духовни вештини и многу други постапки кои треба да ги спроведете на овој ден, ќе имаат благотворно делување на вашиот живот.

Затоа денот на зимската краткодневица треба да го искористите за планирање на нови идеи кои треба да ги реализирате следната година. Исто така полезно е во текот на овој ден да ја украсите елката со жолти, златни, црвени и портокалови елементи, бидејќи овие бои треба да ви донесат богатство и просперитет во вашите домови.