Реклама
Вирално

Предупредувањето што стои на кутиите за маски ги шокираше сите – погледнете што пишува

Реклама

На Фејсбук страницата намената за потрошувачите од Србија објавена е фотографија од кутија во која се наоѓаат заштитни маски кои често се гледаат овие денови на луѓето насекаде, со оглед на тоа што маските се задолжителни.

Фото: Facebook/Centar Potrošača Srbije

– Овој производ не е респиратор и не може да обезбеди заштита од ковид-19 (коронавирус) или било кој друг вирус или зараза. Носењето маски не го намалува ризикот од било која болест или инфекции. Поединецот е одговорен за својата безбедност, како и начинот на носење на маската. Задолжително да се отстрани доколку е контаминирана, пишува во напомената.

Дека маските не гарантираат заштита од коронавирусот го истакна и научната соработничка на магазинот Гардијан, Хала Делвин која во колумна на 27. март истакна дека маската не гарантира 100% заштита од вирусот, но се најефикасни во одбрана од вирусот. Акцентот е на зборовите – одбрана од вирусот, а не заштита од вирусот.

Маркетинг

Многу е важно, велат виролозите, маски да се носат кога се влегува во градскиот превоз или на затворен простор, додека не е потребно да се носи маска на отворено, туку тогаш треба да се држи дистанца од луѓето.

Маската служи за спречување на ширењето на капки во случај на кашлање или кивање, бидејќи е познато дека вирусот се пренесува преку капки.

Маркетинг

Истражувањето на Универзитетот во Хонг Конг кон средината на март нагласи дека  употребата на заштитни маски во значителна мерка го намалува преносот на коронавирусот. Според истражувањето за 60 отсто се намалува преносот кога постои маска, отколку кога ја нема.

Поврзано

Back to top button