Прегрнати и среќни – Перо Антиќ и татко му на забава
Познатиот македонски кошаркар уживаше на забава со својот татко.
Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња во Македонија, Перо Антиќ по долгата и исполнета интернационална кариера сега живее во својата татковина.
Тој е првиот и единствениот досега македонски кошаркар кој играл во НБА лигата, каде две години го носел дресот на Атланта Хокс.
ФОТО: Инстаграм / Перо Антиќ
Антиќ почнал да игра кошарка на 11-годишна возраст, заедно со неговиот брат Александар во младинските школи на “КК Работнички”, како и во кадетската и јуниорската репрезентација на Македонија.
На возраст од 16 години го направил своето деби во првиот тим на клубот. На 17 години, отишол на колеџ во САД.
ФОТО: Инстаграм / Перо Антиќ
Перо е татко на три деца, синови кои ги доби во бракот со Ружица Максимовска, со која 13 години успешно пловеше во брачните води.
Во некои од своите интервју има истакнато дека неговиот татко имал клучна улога во неговиот развој како кошаркар.
ФОТО: Инстаграм / Перо Антиќ
Талентот за кошарката го наследил токму од него.
Неговиот татко Зоран Антиќ 14 години бил професионален кошаркар во Југославија.
ФОТО: Инстаграм / Перо Антиќ
Перо на Инстаграм сподели фотографија направена во клуб.
Заедно со својот тaтко прегрнати уживаат во се чини одличната атмосфера.