Првпат искрено проговори за својот татко – Слаткар не можеше да ги задржи солзите
Слаткар не можеше да ги задржи солзите и заплака пред камери.
Познатиот рапер за првпат искрено проговори за својот татко и детството.
Со години низ своите текстови и ги пренесува своите емоции и токму затоа неговата музика ја слушаат и млади и стари.
ФОТО: Инстаграм / Марко Маринковиќ
Марко Маринковиќ се стекна со огромна популарност на почетокот на 2000-тите.
Тој беше вистинско освежување за македонската музичка сцена.
ФОТО: Инстаграм / Марко Маринковиќ
Младото и бунтовно момче, без влакна на јазикот, кое рушеше бариери со својата музика, денес е изградена личност, поветен сопруг и грижлив татко.
Неговата песна „Да полетам“ е песна која го отсликува неговиот живот и детство и е посветена на неговиот татко.
ФОТО: Инстаграм / Марко Маринковиќ
Пред камерите на „Бекстејз“ откри дека и понатаму ја изведува оваа песна на своите настапи, но дека му се потребни темни очила додека ја изведува, за да ги прикријат неговите емоции и солзи.
Додека зборуваше на оваа тема, Слаткар се расплака, па ги спушти очилата.
ФОТО: Инстаграм / Марко Маринковиќ
„Главно татко ми ми е животна инспирација, тој е мојот херој. Се надевам дека секое машко дете си го има својот татко како херој. Мојот татко е дете од дом. Тој бил осуден да заврши во некоја криминална банда, да работи, од него се очекувало да биде сѐ освен доктор. Тој успеал да се избори со тоа и станал доктор. Завршил медицина. Тоа е несвојствено за дете што е во таа позиција. Тој се бореше цел живот, самото име му е такво, Боривое, значи се бори и војува и навистина добар дел од таа песна е посветена за мојот татко. Да не сум имал таков татко јас не би бил толку борбен и не би работел толку многу“, кажа Слаткар и додаде:
„Главно ја пеам со цвикери, сега морам да ги ставам, бидејќи имам некои чувства кои се интимни.
Ми недостига. Секој што го изгубил својот татко, верувам дека се чувствува исто“.