Реклама
Наши ѕвезди

Прво ја запроси вереницата, а сега му е случи уште една радост – Димче Арсовски ја сподели НАЈУБАВАТА ВЕСТ

Реклама

Mладиот, но ултра амбициозен политичар, портпаролот н ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, може да се каже дека е еден од најзгодните политичари во Македонија, а до неодамна и најпосакуван ерген.

Има 29 години и пред да стане портпарол на опозициската партија, беше потпретседател на подмладокот на партијата.
Но, на разочарување на многу девојки, Арсовски одлучи да рипне во тавче. Иако вешто ја криеше приватноста од очите на јавноста, сепак самиот одлучи да ги сподели убавите работи кои му се случија изминатиов период, за многу кратко време.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Неговта врска со Соња Тодорова од првиот момент привлекува внимание, а оние што ги познаваат за нив велат дека се совршен пар.
Инаку, Соња по потекло е од Струмица, но веќе неколку години живее и работи во Скопје во областа на маркетингот.
Кога сите најмалку очекуваа, Димче се одлучи на голем чекор. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ се реши да ја запроси Соња и тоа ни помалку ни повеќе, туку за неговиот роденден.

ФОТО: Инстаграм

Среќната Соња убавите вести ги сподели на Инстаграм.
„Роденденски подарок за мене или за него? За двајцата! До вечноста, љубов моја“, напиша Соња на својот профил на социјалните мрежи.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Фотографија на која ја држи Соња за рака со вереничкиот прстен објави и Димче, а под неа напиша:
„Доста беше, до вечноста!“

Ваквиот романтичен гест ги воодушеви сите, па парот доби бура реакции под фотографиите. Она што беше интересно беше моментот што запросувањето се случи во исто време кога и портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов ја запроси својата девојка. Димче во емисијата „Магазин“ на Сител телевизија кажа дека уште пред Нова година сакал да ја запроси Соња, но чекал да излезе од изолација поради коронавирусот, па запросувањето се случило за роденденот.

Фото: Фејсбук/ Димса Арсовски

Соња објави и фотографија на која нејзиниот иден сопруг дува во роденденските свеќички, а на фотографијата ја напиша следната порака:
„Среќен роденден љубов моја. Ти посакувам многу здравје и среќа, а желбите веќе ни се остварија“, му порача Соња на саканиот.

Но, тука не запреа убавините за парот.
Тој денеска гостуваше во емисијата „Магазин“ каде одлучи со јавноста да сподели уште една среќна вест.
Арсовски ја откри најрадосната вест, а тоа е дека тој и Соња го очекуваат своето прво дете.

„Чекаме и детенце, планираме и свадба, но ќе остане во втор план, бидејќи пандемијава нѐ спречи.Но, сепак ни дојде многу поубава вест, така што свадбата е тотална неважна во овој момент, Најажно е да биде сѐ во ред“, кажа Арсовски.

Фото: Фејсбук/ Димса Арсовски

Тој во емисијата зборуваше и за својата приватност, па откри дека како скоро на секој човек секое утро му почнува со утринско кафе.
Она што најтешко паѓа на неговото семејство вели е тоа дека поради оврските околу работата најчесто не е дома, па обично не присуствува на семејните ручеци, но сите од семејството се трудат да се прилагодат на неговото работно време и му пружаат поддршка во се.

Фото: Фејсбук/ Димса Арсовски

Она што малкумина го знаат дека за него е дека освен политичките обврски, тој се занимава и со земјоделие.
„Тоа е многу благородна работа и професија. Се работи за житни култури, Сончоглед, јачмен и жито. Знам и самиот да се качам на машините, да ги возам и да работам. КТоа е еден дел од моето време кога знам да се исклучам од сите дневно политички проблеми. Ја разбирам и маката на земјоделците, затоа што знам колку тешко се расте плод, а честопати знае да не биде ценето од страна на властите. Ако сте упорен во нешто и ако работите чесно и со труд верувајте дека ќе се исплати“, кажа Арсовски.

Фото: Фејсбук/ Димса Арсовски

Пресудно да влезе во светот на политиката кажа дека било тоа што
Израснал во Лисиче, населбата која важи за попатритски настроено место. Вели дека уште од мал е растн така, па тоа вели дека си го направило своето и поради тоа станал и политичар.
Неговата баба му раскажувала и дека кога бил многу мал велел дека кога ќе порасне ќе стане политичар, па таа желба и му се исполнила.

Фото: Фејсбук/ Димса Арсовски

 

Фото: Фејсбук/ Димса Арсовски

 

Фото: Фејсбук/ Соња Тодорова

 

Фото: Фејсбук/ Соња Тодорова

 

Фото: Фејсбук/ Димса Арсовски

 

Фото: Фејсбук/ Димса Арсовски

 

Фото: Фејсбук/ Соња Тодорова

 

Фото: Фејсбук/ Соња Тодорова

 

Фото: Фејсбук/ Димса Арсовски

 

Фото: Фејсбук/ Димса Арсовски

 

Фото: Фејсбук/ Димса Арсовски

 

Фото: Фејсбук/ Димса Арсовски

 

Фото: Фејсбук/ Димса Арсовски

 

Фото: Фејсбук/ Димса Арсовски

 

Фото: Фејсбук/ Димса Арсовски

 

Фото: Фејсбук/ Димса Арсовски

 

Фото: Фејсбук/ Димса Арсовски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button