Прво огласување на Ѓорѓе Давид по несреќата во која што настрада 49-годишна жена од Куманово (видео)
Документите се уште не му се вратени, медиумите ги моли за разбирање и емпатија
Прво се огласи за несреќата, па сподели и една тажна вест
Музичарот Ѓорѓе Давид се уште е во Македонија и неговите документи не се вратени, објави самиот тој.
Имено, по несреќата што му се случи на автопатот Куманово-Табановце, кога смртно прегази 49 годишна жена, на музичарот му беше изречена мерка на претпазливост од страна на судот и му беа одземени документите за да не ја напушти државата додека не заврши истрагата.
Но деновиве во медиумите се појави вест дека на Ѓорѓе му биле вратени документите и дека се вратил во Белград, по што тој сега се огласи на социјалните мрежи и откри дека тоа не е вистина.
Инстаграм/ Ѓорѓе Давид
„Имајте малку емпатија и разбирање кон ситуацијата во која што се наоѓам, не објавувајте наслови кои немаат врска со вистината“, вели тој на почетокот од видеото што го објави, па го додаде и следново:
„Имено, ги немам добиено документите и ја немам напуштено Македонија. Моите документи се наоѓаат во Јавното обвинителство во Куманово“, вели рокерот, а потоа ги замоли медиумите да имаат разбирање бидејќи таквите наслови предизвикуваат омраза кај луѓето во јавното обвинителство кон него бидејќи мислат дека тој ги дава таквите информации.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Кога ќе ги земам документите и ќе ја минам границата, јас прв ќе го објавам тоа“, изјави музичарот во видеото.
Голема тага за сите
Инаку, покрај ова видео Ѓорѓе Давид сподели и една тажна фотографија на која е неговиот колега Милош Стојисављевиќ – Цајгер кој вчера почина по долго и тешко боледување.
Инстаграм/ Ѓорѓе Давид
Цајгер беше дел од бендот „Генерација 5“ и важеше за еден од најдобрите рок басисти во Србија.
Цајгер за време на својата богата кариера соработуваше со бројни големи бендови и изведувачи на рок сцената, па на социјалните мрежи бројни музичари, меѓу кои и Ѓорѓе, се збогуваат од него.