Реклама
Кафе муабет

Прво огласување на Цеца по загубата на внуката: Ова е тежок момент за целото семејство, откри како се чувствува Анастасија!

Анастасија се врати дома...

Реклама

Пред околу две недели трагедија го снајде семејството Ражнатовиќ. Имено Анастасија Ражнатовиќ го загуби бебето во петтиот месец од бременоста, за што нејзиниот партнер ја информираше јавноста преку Инстаграм.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Во еден толку тежок период, откако и беа средени документите на Анастасија за кои до неодамна беше во Севиља, Анастасија се спакува и реши да се врати во родниот крај, за да го преброди тешкиот период со најблиските.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Цеца за прв пат се огласи по загубата на внуката и истакна дека е многу среќна што нејзината ќерка се вратила во Белград, бидејќи сака да биде со неа во овој тежок момент.

Маркетинг
фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Анастасија се врати во Србија сега кога Немања на најдобар можен начин ја заврши сезоната, влегувајќи во Лигата на шампионите. Сакам да кажам дека бев многу среќен, Анастасија одамна ја немам видено. Таа од јануари е таму, Жељко и јас ја посетивме 7 дена, но тоа не беше доволно за да разговараме за се детално. Со нетрпение го чекав нејзиното пристигнување – рекла Цеца.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Фолкерка вели дека целото семејство е со Анастасија и дека сите се обидуваат да и го одвлечат вниманието.

Маркетинг
фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

-Сите заедно ќе и ги свртиме мислите, навистина многу ја чекав и таа конечно дојде на роденденот на Жељко. Морам да кажам дека ние секојдневно сме на видео- повик по 7-8 пати на ден, таа е упатена за се во нашите животи – изјави Цеца за ТВ Блиц.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Инаку пред неколку дена излегоа и шпекулации дека наводно Анастасија се вратила во Белград поради раскинувањето со Немања, но тој се огласи и истакна дека ова е тежок момент и за двајцата но дека тие се заедно и дека нивната љубов е толку силна што ќе успее да победи се.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Фудбалерот сподели и фотографија со која докажа дека е се во најдобар ред во нивната врска.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button