Прво огласување на Боки 13 по операцијата: „Имам болки, ова ми е петта операција“

Бојан Јовановски-Боки 13 повторно под нож, пренесе „Скопје1“. Информацијата ја потврдила неговата мајка, Јасминка Јовановска, која за „Скопје1“ осјавила дека операцијата носи своја опасност.
„Да, примен е на Клиника и се очекува да започне операцијата. Операцијата е за отстранување на липоми, последица на претходните операции, се извршува на Државната клиника“, вели Јовановска за „Скопје1“.

Ова е петта операција на Јовановски-Боки 13, а опоравувањето ќе трае.
„Секоја операција носи своја опасност, со оглед дека Бојан досега е петпати опериран. За жал нема подобрувања во здравствената состојба, по оваа операција ќе треба да се третира соодветно. Опоравувањето ќе трае со оглед дека така налагаат лекарските препораки“, додава Јовановска за „Скопје1“.
Јовановски беше пуштен на слобода токму поради влошена здравствена состојба, за што судот доби потврда од повеќе лекарски извештаи, направени од повеќе клиники но и повеќе доктори, како и цели лекарски конзилиуми.

Пред десет месеци, му беше отстранет и скоро целиот желудник. Хирургот од болницата „Св. Наум Охридски“, Стојанче Јованов, јавно алармираше дека била извршена комплицирана и ризична операција, која беше и животозагрожувачка.
Јовановски сега откри како се чувствува.

– Операцијата штотуку заврши. Не знам како помина, ваљда се е во ред. Имам болки. Ги отстранив липомите, поточно два. Едниот беше на едната, другиот на другата страна. Ова ми е петта операција – изјави Боки.
– Треба да бидам во болница неколку дена – изјави Јовановски за Информер.




