Прво драстично ослабна, па ги покажа бујните гради, а сега се пофали и со новата тетоважа – што се случува со мајка ѝ на Карлеуша?
Мајката на Карлеуша прво драстично ослабе, па ги покажа бујните гради, а сега се пофали и со нова тетоважа
Дивна Карлеуша го привлече вниманието со провокативни фотографии на Инстаграм, а нејзините фанови го коментираат мистериозното име на нејзината рака.
Имено, покрај новата фризура и бујното деколте фановите ја забележаа и коментираа новата тетоважа на Дивна. Во прашање е тетоважата на нејзината рака на која се испишани имињата на внуките Атина и Ника, потоа името на Јелена и на сестрата на Дивна, Данијела, но на крај и машкото име за кое многумина се прашуваат чие е.
Според коментарите на социјалните мрежи, во прашање е името Марко, но мајката на Карлеуша се уште не открила дали станува збор за емотивен партнер или не.
Инаку, Дивна во последните неколку години изгледа сé поубаво. Таа со строга дисциплина успеа да се реши од вишокот килограми, па не ретко на социјалните мрежи објавува и провокативни фотографии. Но дали тоа и донесе промена и на љубовен план, останува да видиме…
Извор: Telegraf.rs, Glamur